Термин: 28 Декември
1 ДЕН 28.12.2019 СКОПЈЕ - МИЛАНО:
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 29.12.02019 FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО:
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано.Пристигнување во Милано и факултативно одиме на организиран разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот.... Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
3 ДЕН 30.12.2019 МИЛАНО – НИЦА :
Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Ве водиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Ноќевање.
04 ДЕН 31.12.2019 НИЦА – АНТИБ – КАН – МОНТЕ КАРЛО :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината... Слободно време за прошетки... Враќање во Ница. Предлагаме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Ница. Ноќевање.
05 ДЕН 01.01.2020НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето....Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 02.01.2020СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15 НОЕМВРИ: 229 € / 14.200 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 € / 15.440 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во Милано (околина) во хотел Hotel Ibis Milano Melegnano 3*, на база 1 ноќевање со појадок,
- Сместување во Ница во хотел Hotel de Berne 2* на база 2 ноќевања со појадок,
- Разглед на Ница
- Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар
http://www.franciacortaoutlet.it
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот за поаѓање може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
- Разглед на Милано со локален водич (10€)
- Новогодишна посета на Монте Карло (20€)
- Посета на фабрика за парфеми ‘Fragonard’ во Ез и Монако (20€)
- Посета на Кан и Антиб(35€)
- Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција)
- Туристичка такса во Ница (1.5€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 6.100 ден
- Можност за резервација на хотел од повисока категорија или хотел на друга локација
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул. Св. Кирил и Методиј бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk