Термин: 28 Декември
1 ДЕН 28.12.2024СКОПЈЕ:
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 29.12.2024 КАН :
Пристигнување во Кан во пладневните часови. . Ве водиме на прошека низ стариот дел на Кан: прекрасна прошетка по Кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажетик, филмската палата, плазата на фотомоделите, стариот град со тврдината... Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални пррошетки. Ноќевање.
03 ДЕН 30.12.2024 КАН – СЕН ТРОПЕ
Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien. Во попладневните часови враќање во Кан. Ноќевање.
04 ДЕН 31.12.2024КАН – АНТИБ – НИЦА – МОНТЕ КАРЛО :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и кралицата на ривиерата Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, можност за посета на музејот кој е единствен музеј на светот посветен на еден уметник уште во текот на неговиот живот( влезница 10€)... потоа продолжуваме со посета на Ница... Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Слободно време за прошетки и ручек. Враќање во Кан. Слободно време за одмор. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Кан во ноќните часови. Ноќевање.
05 ДЕН 01.01.2025КАН –– ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето...Препорачуваме посета на Океанографскиот музеј и аквариум во Монако кој филијала на Институтот во Париз и е единствен од тој вид во светот.( влезница 20€). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 02.01.2024 СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТза резервации до 31 Октомври: 319 € / 19.780 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 349 € / 21.640 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во хотел Ibis Styles Cannes Le Cannet 3*,во Кан
- Разглед на Кан
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
- Новогодишна посета на Монте Карло (40€)
- Посета на Ст. Тропе (50€)
- Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€)
- Посета на Ница и Антиб(50€)
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 160€
- Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk