Термин: 01 Maj
1 ден 01.05.2023СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 02.05.2024БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.
3 ден 03.05.2024БУДИМПЕШТА –ВИЕНА Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод по Дунав . Враќање во хотел. Ноќевање
4 ден 04.05.2024БУДИМПЕШТА - ЕСТЕРГОМ - ВИШЕГРАД - СЕНТ АНДРЕА По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. Ноќевање. Враќање во Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање
5 ден 05.05.2024БУДИМПЕШТА Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 06.05.2024СКОПЈЕ Планирано пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 01.03.2024: 209 €/ 12.960 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 €/ 14.820 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 денари
- Крстарење по Дунав 20€
- Посета на Сент Андреа, Естергом и Вишеград 50€
- Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 50€
- Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€
***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа, Естергом Вишеград - 120€
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Туристичка такса 3€ по лице на ден
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за дополнително седиште 150€
- Доплата за еднокреветна соба 4.500 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10, Скопје Teл: 02/3 13 10 45
Моб: 071 380724e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk