Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Дубаи 5НП - Нова Година 2021

    €849,00
    Дубаи, град на луксузот, раскошот, рај од иднината кој ве чека да го откриете…

    НОВАТА 2021 НЕКА ВИ ПОЧНЕ СПЕКТАКУЛАРНО
    ВО УНИКАТНИОТ ДУБАИ
    29.12.2021-03.01.2021 – ПРОГРАМА ОД БЕЛГРАД

    ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ 29.12.2020-03.01.2021 - 6 ДЕНА/ 5 НОЌИ
     
    ХОТЕЛ УСЛУГА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
    Citymax Bur Dubai 3* BB 849 €
    ibis Al Barsha 3* RO 899 €
    Cassells Al Barsha Hotel by IGH 4* BB 899 €
    Millennium AL Barsha 4* BB 1.099 €
    Movenpick Hotel Jumeirah Lakes Towers 5* BB 1.149 €
    Millennium Plaza Hotel Dubai SZR 5* RO 1.199 €
    Stella Di Mare Dubai Marina Hotel 5* BB 1.359 €
     
    ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА МЕСТА – FIRST MINUTE ПРОМОТИВНА ЦЕНА
     
    НАПОМЕНА 
    Цените се ПАКЕТ цени дадени по лице за сместување во соодветниот тип на соба/ стандард двокреветна/услуга (RO – наем на соба без оброк / BB - ноќевање со појадок)
    Цените се изразени во ЕВРА за уплата во денари (курс 1ЕУР=62МКД) и валидни до пополнување на места по дадени цени на авион (Ве молиме пред резервација да ја проверите цената и расположливоста на места на вион и во хотел – на барање)
     
    Програма на патувањето: 6 дена- 5 ноќи - авиокомпанија "FLY DUBAI" / авион од Белград

    1 ден БЕЛГРАД-ДУБАИ.
    Полетување на авионот за Дубаи во 13.05 часот. Слетување во Дубаи во 21.20 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија). Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

    2 -5 ден ДУБАИ – слободен ден за индивидуални активности или организирање на факултативни екскурзии. Сместување во избраниот хотел на база наведената услуга, наутро инфо состанок и слободно време претпладне за индивидуални активности.
    Можност за организирана посета на место од каде ќе се гледа спектакуларниот огномет согласно програмата на Дубаи и протоколите.

    6 ден ДУБАИ-БЕЛГРАД. Во раните утриснки часови трансфер на аеродром (05,30 часот). Полетување на авионот од Дубаи во 09.05 часот. Слетување во Белград во 12.05 часот (варијабилни саатници согласно политика на авио компанија).

    Цената е за целосна уплата при резервација , без право на промена на име или отказ
     
    Цената вклучува:
    • Повратен авионски билет на релација Белград - Дубаи – Белград со FLYDUBAI (вклучен багаз рачен 7кг и чекиран 20кг, согласно политика на авио компанија, НЕ Е ВКЛУЧЕН ОБРОК ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ – со доплата и претходна резервација);
    • Трансфер аеродром - хотел – аеродром во Дубаи ;
    • 5 ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ согласно наведена услуга;
    • Организација и реализација на патувањето
    • локална асистенција во Дубаи 
    • аеродромски такси
    • PCR тест (максимум 96 часа пред лет, изваден во наша партнер лабараторија во Скопје во закажано време)
     
    Цената НЕ вклучува:
    • Влезна виза за Дубаи - 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица, вклучувајќи и дете и бебе )
    • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ И ОПЦИОНИ ИНДИВИДУАЛНИ ТУРИ - НА БАРАЊЕ НАПОМЕНА – ЦЕНАТА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ЛИЦА ЗА ИСТАТА И Е ПОДЛОЖНА НА ПРОМЕНИ СЕ ДО МОМЕНТ НА ФИНАЛИЗИРАЊЕ НА БРОЈ НА ЛИЦА ПО ЕКСКУРЗИЈА И УПЛАТА НА ИСТИТЕ ПРЕД ПОАЃАЊЕ ( ПОНИСКА ЦЕНА ЗА COMBO ЕКСКУРЗИИ)
    • ОРГАНИЗИРАНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА ВО РЕСТОРАНИ (СО ДОПЛАТА НА БАРАЊЕ)
    • превоз Скопје-Белград-Скопје (240 евра по возило за максумум 3 лица, на барање по претходна потврда)
    • Патничко осигурување
    • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
    • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
    * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба).
    Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
     
    УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
    Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.

    НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
     Во готово/ кредитни картички/ преку фактура - уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање
     
    Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
    • Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни
    • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч. Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
    • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
    • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
    • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување)
    • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
    • За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
    • Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
     
    ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
    Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
    Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
     
    Важни напомени:
    - За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот: voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
     
    ПУСТИНСКО САФАРИ СО СКАРА И ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЧЕРА (15-21 часот)
    Во попладневните часови Ве земаме од Дубаи со jeep 4x4, одиме кон Hatta и Oman и кога ќе видите дека ги напуштате границите на урбанизираниот град, набрзо ќе се најдете во пејсаж со пустински предели. Одиме со џипот по див пат off-road и Вашиот 4×4 џип ќе ја стави на тест Вашата издржливот и ќе го подигне адреналинот, затоа што ќе Ве однесе по високи дини и вози кон планината Hajar. По краткиот одмор, продолжуваме со вожњата по дините, каде вашиот искусен шофер ќе ве пренесе преку највисоките песочни дини, ставајќи се во костец со тешкиот терен за возење во една многу адреналинска тура. На крај пристигнуваме на фарма за камили на краток одмор и како што полека заоѓа сонцето, се паркираме за да уживаме во глетката на пустина во самрак. По заоѓањето на сонцето и неверојатнотиот видик, одиме кон нашиот камп во пустина. Тука ве дочекува Арапската гостопримливост со кафе и вода, ориентална шведска маса со скара која се приготвува пред Вас (безалхохолни пијалоци и вода вклучени во цена), жена која црта со кна може да Ве нацрта со традицопнални арапски мотиви по рацете. За оние кои сакаат да јаваат камили, иситите им се на располагање.

    ПОЛУДНЕВНА ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour ( 4 часа)
    После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи. Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот.

    НАВЕЧЕР КРСТАРЕЊЕ Dhow Cruise (19-22 часот)
    Во вечерните часови dhow cruise creek – крстарење по крикот со вечера. Не постои подобар начин да се искуси и види стариот Дубаи од разгледот од палубата на бродот за време на Вашњето крстарење по крикот. Искусете ги звуците, вкусовите и погледот на Крикот преку традиционалните бродови на Дубаи што крстарат по него. Трансфер до делот Bur Dubai Creek за да се качите на традиционалните дрвени бродови за крстарење, со помош на на таканаречените abras или водени такси, кои возат низ крикот, потоа го гледате Dubai Creek Golf Club и останатите згради во оваа област. Вечерата е шведска маса со избор на јадења од арапска кујна (не е вклучен пијалок). Опционо и можност за крстарење по Марина и крстарење по новиот канал со вклучена вечера (55-60 евра по лице).

    ЦЕЛОДНЕВНА ТУРА АБУ ДАБИ (08-17 часот) – (моментално не е дозволен влез од Дубаи во Абу Даби или ако се влезе мора да се оди во 14 дневен карантин – можност за организација на оваа екскурзија ДОПОЛНИТЕЛНО)
    Излетот почнува од Дубаи,се поминува пристаништа во Jabel Ali, а потоа низ пустината пикрај обала до Абу Даби.Тој е главен и административен град на ОАЕ.Познат е по многуте луксузни вили и палати покрај обалата и големиот број на острови.Нашата тура почнува со посетата на Sheikh Zayed Grand џамијата, една од најубавите џамии во светот.Службено е отворена во 2007 година за време на исламскиот месец Рамадан. Името го добила по шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан основач и првиот претседател на ОАЕ,кој е закопан во оваа џамија.Мозе да прими 40000 верници а главниот двор 9000.Двата двора до главниот двор се само за жени и можат да соберат по 1500 верници.Џамијата 4 минариња и 4 агли на џамијата кои се издигнуваат до 115 метри.Таа има 57 куполи кои се украсени со мермер.Дворот е поплочен со цветен мермер и има површина од 17000м2. Нашата тура ја продолжуваме кон Emirates Palace,најлуксузниот хотел на светот (има официјално 7*).После ручекот во Абу Даби одиме кон Saadiyat island каде во иднина ќе се наоѓа Louvre Abu Dhabi и Guggenhiem музеј потоа продолжуваме до Јас островот каде се наоѓа најголемиот тематски парк на светот Ferrari World и формула1 патеката.НАПОМЕНА Доколку сакате да ја посетите џамијата морате прикладно да се облечете,што подразбира долги панталони, долги ракави,а за жените е обавезна марама.
     
    ОПЦИОНО ИНДИВИДУАЛНО
    • Во вечерните посета на Burj Khalifa - највисоката зграда во светот од 828 метри. Уникатно архитектонско чудо, кое ќе Ви одговори на прашањето како изгледа Дубаи, пустината и океанот од 124 кат ...Во неа можете да посетите и некој од ексклузивните ресторани и барови (нормални саати влезница е 45ЕУР по лице).
    • Посета на DUBAI PARKS & RESORTS - забавен парк кој се состои од неколку тематски парка (Motiongate/ Bollywood Parks Dubai/ Legoland Dubai/ Legoland Water Park).
     
    НАПОМЕНА 
    Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
    Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм
     
    Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).
     
    ТА НЕХАР ТРАВЕЛ  ВИ ПОСАКУВА СРЕЌЕН ПАТ/ Важат општите услови на патување на СКТМ

    Ознаки за производ