ТЕРМИН: 04 Декември 2026
1 ден 04.12.2026 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:00 ч.Тргнување во 16:30. Се патува преку граничниот премин Богородица и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 05.12.2026 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Започнува магијата... Истанбул од 1001 ноќ...
ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ:
Панорамско разгледување на градот со автобус: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар...
ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани...
КАПАЛИ ЧАРШИЈА: Слободно време (околу 1 час) за индивидуална прошетка низ Капали чаршија.
Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.
По кратката пауза:
АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.
Кадиќој - Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби, колоритни улички полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, , меани, пабови, цркви и џамии... Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.
Ускудар: едно од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула.
Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 06.12.2026 ИСТАНБУЛ
Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата... Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата црква АЈА СОФИЈА , можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.
Ноќевање.
4 ден 07.12.2026 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
БАЛАТ Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.
ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.
ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа. Слободно време за посета на аквариумот и шопинг. Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.
Пристигнување во Скопје следниот ден (08.12.2026) во претпладневните часови.
ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.10.2026: 129 € / 8.000 ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 € / 8.620 ден.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Истанбул – Скопје
Сместување во хотел Grand Halic 4* - на Таксим / 2 ноќевања со појадок
Посета на Форум, Декатлон, Икеа
Професионален туристички пратител на групата
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€ (се плаќа во агенција)
Крстарење по Босфор – 25€
Отомански / Византиски Истанбул: 25€
Азиски Истанбул – 40€
Балат со Пјер Лоти и Златен Рог : – 25€
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 100€
Долма Бахче сарај со локален водич (Резиденционален дел со вклучена влезница) - 60€
Туристичка такса 2 евра на ден, по лице (се плаќа во агенција)
Патничко осигурување 250 мкд.
Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
- Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 20 евра (по седиште).
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
- За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
Пријатно патување ви посакува екипата на Нехар травел.
НЕХАР ТРАВЕЛ СКОПЈЕ “A” ЛИЦЕНЦА
Ул. Даме Груев бр. 18 , Скопје
Тел. 02/31 31 045 , 071 380 724
Mail: info@nehartravel.com.mk
Web: nehartravel.com.mk