Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Кападокија и солено езеро 3НП - Магија и мистика

    €269,00
    Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

    Термин :  21 Мај

    01 ден 21.05.2024 :  СКОПЈЕСОЛЕНО ЕЗЕРО - КАПАДОКИЈА: Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 08.30 и поаѓање во 09.00 ч.  Се патува преку граничниот премин Богородица, покрај Солун, Кавала, гр. премин Ипсала, покрај Текирдак, Истанбул, Анкара. За време на возењето, нашиот водич ќе ве запознае со самата програма. Ноќно возење.   

    02  ден 22.05.2024 :   СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

    Се возиме низ централна Анадолија кон Кападокија со утринска пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија, , со 2-часовна попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир.. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во одбран хотел ( после 14ч.) и краток одмор.

    Попладне предлагаме прошетка на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 5 ТЛ), првите „самовилини оџаци„ улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме.

     Ноќевање.

    03  ден 23.05.2024: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  Денот е предвиден за 4 возбудливи доживувања:

    ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - “ATV SUNSET TOUR”  – ТУРСКА ВЕЧЕР

     ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа  авантура  никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако...чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

    *Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

     Појадок.  Ви препорачуваме полудневно возбудувањеМИСТИЧНА КАПАДОКИЈАВо водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија:                                                                                                                                 * Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.

    * Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.

    * Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно  вистинско турско кафе или турски чај.

     Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.

    *Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

    * Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски  поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.  Ручек во локален ресторан. 

    Враќање во хотел. Слободно време за прошетка низ Ѓореме или дополнителни возбудувања.

    Попладне, ново возбудување ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

    - “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола за управување не е потребна)        или....

    - “BUS SUNSET TOUR”:  Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

    За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстот од каде црвената долина е како на дланка.

                   Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани  цркви во Кападокија што треба да се посетат.

                  Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7-11в.Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.

    Враќање во хотел.

    Турска вечер : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.            Ноќевање.

    04 ден 24.05.2024:  ЃОРЕМЕ, МАГИЧНА КАПАДОКИЈА

     Појадок. .... Денот е предвиден за нови возбудливи доживувања:

    МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:  

    Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...

    Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

    Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан. Богат избор на накит со голем попуст.

    Подземниот град  Кајмакли: Посета на подземниот град, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км....     Долина Ихлара: ја посетуваме долината долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме,(во сезона), турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река...

    Манастирот Селиме, По ручекот продолжуваме кон  најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел. Ноќевање.

    05 ден 25.05.2024:  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- СКОПЈЕ

    Појадок. Го сместуваме багажот во автобус. Слободен ден.

    Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год.

    Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.

    После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

    Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

    Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

    Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„. Враќање во Гореме. Кратка едночасовна пауза за одмор и да се докупат сувенири.

    ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: Од 18:00-19:00 можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите.

    Заинтересираните ги зима и враќа посебно возило.

    Полни со впечатоци, околу 19:00 поаѓаме кон Македонија Патувањето го продолжуваме  покрај Анкара, Истанбул, Текирдаг, гр.премин Ипсала, покрај Кавала, Солун, гр.премин Богородица, со попатни паузи.     Ноќно возење.

    06 Ден 26.05.2024: СКОПЈЕ:

    Пристигнување во Скопје во попладневните/вечерните  часови.

    • 3 Ноќевања со појадок  во Cаve/ stone пештерски хотел OSMAN BEY* во Ѓореме или сличен
    • 3 Ноќевања со појадок  во Cаve/ stone пештерски хотел EXCLUSIVE  NOAH’S ARK* во Ѓореме или сличен

    ПРОМО ЦЕНА EXCLUSIVE  NOAH’S ARK* или сличен,  за резервации до 30.03.2024: 269 € /16.680 ден/Редовна цена 299 € /18.540 ден

    ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

    * 3 Ноќевања со појадок  во Cаve/  EXCLUSIVE  NOAH’S ARK* во Ѓореме или сличен

    во центарот на Гореме, во срцето на Кападокија..   http://osmanbeycavehouse.com

    • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,Прошетка низ Гореме,
    • Посета на трговски центар Форум во Невшехир
    • Организација на патувањето и секако лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
    • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
    •  

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Патничко здравствено осигурување: 300 мкд, (Задолжително, Агенцијата посредува)
    • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
    • Доплата за еднокреветна соба:  Cave: 4200 ден 
    • Избор на седиште во автобус (освен прв ред): 20 евра.

    ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во Кападокија

    • “Магична Кападокија”,    вклучен ручек (без пијалок), влезници,превоз, локален водич: (65€),
    • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезници, превоз, локален водич: (65€),
    • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), превоз, локален водич : (50€),

    ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА

    “Магична Кападокија”+“Срцето на Кападокија”+“Мистична Кападокија” = 160

    Дополнителни факултативни атракции во Кападокија

    • ЛЕТАЊЕ СО БАЛОН: (од     €). Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација, како би навреме резервирале балон по најниска цена. Дефинитивната цена ќе биде позната 10-15 дена пред патувањето.                                                               
    • ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :                                                     -ATV SUNSET TOUR (30€), трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: по лице (мин 2 лица по АТВ)                                                                                                                                                                               - “BUS SUNSET TOUR”(15€):  Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

    За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка. Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани  цркви во Кападокија што треба да се посетат. Архитектурата на Црквата Крст е со богато  теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот кој датираат од 7в.

    Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност. (минимум 6 лица)

    • ТУРСКА ВЕЧЕР(40€): Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе и неограничено конзумирање на домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.
    • ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ(25€): По попладневнитечасови можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите, проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата. 
    • КОЊИна ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€): Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, уживајки во изгревот на сонцето . бркајќи ги балоните (ако летаат).
    • КАМИЛИ на ИЗГРЕЈСОНЦЕ(40€): Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци, , уживајки во изгревот на сонцето бркајќи ги балоните (ако летаат),
    • JEEP SAFARI (35€): Двочасовно утринско возење низ нови долини: ”Долината Узенгија”-скриениот рај на Кападокија, долина богата со кислород и лековита минерална вода. Потоа ве возат до долината каде е мистериозниот Манастир Халач или Манастирската болница и за крај посета на ридот Зиндан – Антички карпест објект кој служел како судница... (цената е по лице и за минимум 4 лица во џипот)
    •  Плаќањето на факултативните излети е кај водичот на групата, првиот ден во Турција.
    •          НАПОМЕНА ЗА ИЗЛЕТИ: Заради постојана инфлација во Турција, цените на влезниците можат да претрпат измена
    •           

    НАПОМЕНА: Распоредот и сатниците на факултативните излети, посети, дополнителни атракции, може да претрпи измени, во зависност од временските услови и можности. Сите излети се организираат без оглед на бројот на пријавените патници (освен каде е наведено). Нема откажувања за веќе пријавените излети.

     * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

    * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

    * За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50% за ПРОМО цена, или 30% за редовна цена. Целосно плаќање на аранжманот се прави најдоцна 10 дена пред поаѓање.

    * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

    * Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

    * Седењето во автобус е според датумот на уплатата или со доплата за избор на седиште.

    * Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.

    * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија,    составен дел на Договорот за патување.

    * * *Можност за плаќање на 6 рати без камата! 

    САМО СО НЕХАР ТРАВЕЛ ВИСТИНСКИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕТЕ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА !

    T.A. НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Никола Тримпаре бр.10 Скопје.  Tel: 02/ 3131045   Моб: 071/380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk,       www.nehartravel.com.mk    Лиценца А, бр. УП I 13-5              

    КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

    Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии... се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

    Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

    Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

    Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

    Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

    Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

    Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

    Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

    Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

    Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Оддалечен 15 км од Ѓореме.

    Ознаки за производ