Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Кападокија( Анкара- Солено езеро- Истанбул) - Магија и мистика / Божиќ 2022

    €169,00
    Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

    ЗАБЕЛЕШКА Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР  или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол.  Агенцијата организира  тестирање во лиценцирана лабораторија  по најниски цени за група патници.

    Термин  05.01.2022

    01 ден 05.01.2022:  СКОПЈЕАНКАРА: Состанок на групата на паркингот кај Борис Трајковски во 14.30 и поаѓање во 15.00 ч.Патување преку граничен премин Богородица, преку Грција, Истанбул. Ноќно возење.

    02 ден 06.01.2022АНКАРА:  Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел. По краткиот одмор, одиме на панорамско разгледување на новиот и стариот дел на градот, првиот Парламент од каде Ататурк ја прогласува Републиката Турција. Ќе ја видиме и новата грандиозна резиденција на Турскиот Претседател Ердоган. Посета на Аниткабир- Маузолејот на Ататурк. Посета на голем шопинг мол. Ноќевање во луксузниот хотел со 5* “New Park hotel”.

    03 ден:07.01.2022 АНКАРА - СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: Појадок. Патуваме  кон Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во пладневните часови. Сместување во одбран хотел. Наш предлог : полудневно возбудување:

     МИСТИЧНА КАПАДОКИЈАВо водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

    *Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. *Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците.

    *Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Време е да се напиеме право турско кафе или турски чај кај Суреја.

     Ќе ја видиме и црквата Константин и Елени, во центарот на Мустафапаша.

    *Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

    *За крај Ве водиме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Ве водиме на тераса од која ќе имате пркрасен поглед на Ортахисар. Место каде се снимаат автентични ТВ серии. Ручек во локален ресторан.  Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.               Вечера *.   Ноќевање.

    После вечерата, Ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe , улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете правото турско кафе или турско пиво Efes, со панорамски поглед на Ѓореме.

    04 ден08.01.2022: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: Појадок. Денот е предвиден за 3 возбудливи доживувања:

    ЛЕТ СО БАЛОН -“СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- ТУРСКА ВЕЧЕР

     ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.

    *Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

    СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год.

    Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. 

    Ручек во локален ресторан.  После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

    Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

    Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

    Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

    ТУРСКА ВЕЧЕР> Во вечерните часови посета на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           Вечера* Ноќевање.

    05 ден 09.01.2022:  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : Појадок.  Предлагаме 2 возбудливи доживувања:

    МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:  

    Почнуваме со панорамски поглед кон замокот Учхисар,највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...

    Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

    Ве водиме во фабрика за накит( производство на сребро излато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

    Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км....

    Ручек во локален ресторан. Возбудувањата продолжуваат со посета на Долината на ружите и Црвената долина.

     Долина на Ружите и Црвена долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можете да одите по нив низ прекрасна патека, каде што ќе најдете 12 цркви, од кои некои навистина вреди да се посетат. Магична прошетка низ долините и под“самовилините оџаци”со посета на најубавите цркви од минатото:

                   Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Со неверојатна сцена од апсида, монументален релјеф на таванот и прекрасен поглед на Црвената долина, Црквата на крстот е една од најдобрите цркви во Кападокија што треба да се посетат.

                   Архитектурата на Црквата Крст е богата со теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в.               Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност. Нивните надворешни раце држат стап со зборовите „СВЕТО, СВЕТО, СВЕТО“, постојана песна на ангелите на небото.               Црквата со столбови (турски Колонлу клисе).Скриен во издолжениот карпест гребен, преполн со гулабници, името го добива по своите високи столбови, сигурно некои од највисоките во цела Кападокија. Единствените слики на sидовите се мали геометриски модели во окер. Примамливо е да се претпостави дека датира од 10 век.       

    ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

    Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите..  

    Вечера*Ноќевање .

    06 ден 10.01.2022:  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – ИСТАНБУЛ: Појадок. 

    Полни со впечатоци, поаѓаме кон Истанбул. Пристигнување во Истанбул во попладневните часови. Сместување во хотел. Краток одмор.

    Приквечер ве водиме на Азиската страна Ускудар, каде се наоѓа преубавата џамија на Михримах Султан, ќерката на Сулејман Величанствени и на крај прошетка низ прекрасното место Бејлербеји, покрај самото море. Место каде се снимани безброј ТВ серии.  Ноќевање

    07 ден 11.01.2022: ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ: Појадок. Ги ставаме стварите во автобус.

    Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич: Капали чаршија, Бејазит, Најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотел (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим, Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот Можност од тука да тргнеме на прекрасно Крстарење по Босфор и да го запознаеме Истанбул од друга перспектива: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палата, крстарењето овозможува прекрасен поглед на раскошните

    палати на светски познатите политичари (Тансу Чилер...), бизнисмени...ТВ серии, Kiskulesi (Моминската кула)... Поаѓаме кон Скопје. Се патува преку Грција. Дневно и ноќно возење.

    Пристигнување во Скопје после полноќните / раните утрински часови следниот ден.

    ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел и услуга во Кападокија :

    -       3 Ноќевања со појадок  во  Хотел TOURIST 4* во Ѓореме

    ПРОМО цена за резервации до 30.11.2021: 169 € / 10.480 ден /. Редовна цена 189 € / 11.720 ден

    ИЛИ

    ( 3 Ноќевања со појадок  во Cаve/ stone пештерски хотел OSMAN BEY* во Ѓореме

    ПРОМО цена за резервации до 30.11.2021: 189 € / 11.720 ден/ Редовна цена 209 € / 12.960 ден)

    -       1 Ноќевања со појадок  во Анкара, хотел со 5* ( “NEW PARK HOTEL”)

    -       1 Ноќевања со појадок  во Истанбул хотел со 3/4*

    •          Доплата за 3 Полупансиони во Ѓореме  : 20/ 1 240 ден. по лице

    “OSMANBAY” Cave/Stoneхотел во центарот на Гореме или сличен ...Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење...Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме. Wi-Fi

    “ТOURIST” хотел 4*: Сместен во Гореме, на плато од каде полетуваат балоните, со поглед на Музејот на Отворено и на Самовилините оџаци. На само неколку мин. од центарот на Гореме.

    Со голем базен пред самиот ресторан. Пространи соби со купатило и тоалет, клима, ТВ. Wi-Fi

    ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

    • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во хотел TOURIST 4*во Ѓореме        или
    • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во CAVE / STONE хотел OSMAN BEY или сличен во Гореме, во срцето на Кападокија.. 
    •          1 Ноќевање со појадок во АНКАРА, хотел со 5* ( “NEW PARK HOTEL”)
    • 1 Ноќевање со појадок во ИСТАНБУЛ , хотел со 3/4*
    • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
    • Прошетка низ Гореме,
    • Организација на патувањето,
    • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
    • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

                ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
    • 3 полупансиони во Ѓореме, по лице : (20€), (пред резервација и плаќање во агенција)
    • “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници,превоз, локален водич: (45€),
    • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (45€),
    • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (25€),

    ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА

    “Магична Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 100 €

    •  ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (15€) по лице (мин 2 лица)
    • Турска вечер со шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич: (30€),
    • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
    • Лет со балон  - (од 100 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.*Цената може да претрпи промени.
    • Анкара: Панорамско разгледување со посета на Аниткабир, со локален водич (5€),
    • Истанбул: Панорамско разгледување на Азија со локален водич: (10€),
    • Истанбул: Панорамско разгледување на Европскиот дел, Крстарење по Босфор, со локален водич: (20€),
    • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
    • Доплата за еднокреветна соба :  Хотел 4* 4600 ден, Cave: 4900 ден 
    • ПЦР тест за влез во Турција доколку треба или ПЦР тест за враќање доколку треба.

    Плаќањето на факултативните излети е кај водичот на групата, во Турција.

     * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

    * За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

    * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

    * Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

    * Седењето во автобус е според датумот на уплатата.

    * Пасошот треба да биде со мин.6 месеци важност од денот на завршување на аранжманот.

    * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија, составен дел на Договорот за патување.

    *Можност за плаќање на 6 рати без камата*

    КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

    Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

    Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

    Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

    Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

    Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

    Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

    Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

    Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

    Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина а и пониската цена.

    Оддалечен 15 км од Ѓореме.

    САМО СО НЕХАР ТРАВЕЛ ВИСТИНСКИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕТЕ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА !

    T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Никола Тримпаре бр. 10  Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk

    Ознаки за производ