Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Париз 4НП - Нова Година 2020

    €515,00
    Париз - градот на Светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така!!

    НОВА ГОДИНА ВО ПАРИЗ

    (30.12.201- 03.01.2020) 

    ПРОГРАМА

    1 ден (30.12.2020 понеделник) Скопје - Буве - Париз

    Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Beauvais во 20:45 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер до Париз (90 km). Сместување во хотел. Ноќевање.

    2 ден (31.12.2019 вторник) Разглед на Париз – Монмартр

    Појадок во хотел. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз со локален водич (метро и пешки), ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint GermainSorbonneLouvreChamps Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalidesConcorde BastilleRepubliqueVendomeTrocadero, Etoilе. Слободно време за ручек. По ручекот се упатуваме кон Монмартр во придружба на нашиот водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Во договорено време , враќање назад во хотел (со метро). Слободно време... Навечер, индивидуално или групно (во договор со пратителот) дочек на Нова Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден (01.01.2020 - среда) Лувр - Ајфелова Кула - Крстарење по Сена - Мулен Руж

    Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме кон факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр,можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почувствувате магијата на Париз од различна преспектива. Враќање во хотел. Факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чијашто програма започнува во 23:00 часот, а секако и можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Ноќевање.

    4 ден (02.01.2020 - четврток) - PromenadePlanteeили Дизниленд

    Појадок во хотел. Четвртиот ден се одлучивме да предложиме  нешто различно и за првпат во нашата понуда. Прекрасна прошетка со можност за шопинг. Promenade Plantée е првиот парк во кој има поставено елеватор кој води до „зелената зона“ на покривот од вијадуктот, на којшто сообраќал воз со цел да го поврзе градот. Ова место овозможува поглед на околу 3000 различни видови растенија во должина од  скоро 5 километри. Најдоброто во оваа прошетка е што шетајќи по патот ви се нудат голем број продавници кои чекаат само на вас... За клиентите кои што се заедно со своите деца или пак оние со млад дух им ја нудиме можноста за целодневна факултативна посета на најпознатиот забавен парк Дизниленд. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање. 

    5 ден (03.01.2020 - петок) Версај

    Појадок во хотел. По појадокот се упатуваме на факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km со рер), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17 - ти век. Кралскиот дворец во Версај претставува една од најимпресивните градби во светот и симбол на апсолутистичката монархија во Франција. Дворецот бил центар на моќта во Франција сѐ до октомври, 1789 година, кога кралското семејство било присилено да се врати во Париз, поради почетокот на Француската револуција. Уникатна можност да се вратите назад во времето и да ги разгледате раскошните простории, почнувајќи од познатата Сала на огледалата ... (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Слободно време за индивидуални активности до  времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје 21:25 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 23:55 ч.

    ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 515 € (31.930  МКД)

    ЦЕНПО ЛИЦЕ - 555 € (34.410 МКД) – ЛИЦЕ ШТО НЕМА ДА КОРИСТИ ФАКУЛТАТИВИ

    Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

    • Директен лет на релација Скопје - Бове - Скопје со авикомпанија Wizz Air;
    • Мала кабинска торба 40 x 30 x 20 cm;
    • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
    • Сместување во хотел на услуга BB;
    • Организирани прошетки според програматa;
    • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
    • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

     Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

    • Аеродромски такси - 3.720 мкд;
    • Туристичка такса 1.5 € на ноќ - се плаќа во агенција;
    • Патничко осигурување;
    • Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро - 14.1 € (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);

    ДИЗНИЛЕНД: 

    Можност за посета на Дизниленд во денот во кој Вие ќе одлучите. Трансфер со метро и Дизни бус или со брз воз - рер. Цената се утврдува при уплата од причина што може да дојде до промена на истата од страна на Дизниленд. 

    ФАКУЛТАТИВИ

    Пакети:

    • Панорамски разглед и посета на Лувр - 57 €;
    • Версај, Ајфелова кула, крстарење по Сена - 89 € / 98 €; (втор/трет кат Ајфелова кула)

    Цени за уплата во агенција:

    • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 25 €;
    • Посета на Версај - 60 € со вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со рер, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
    • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат - 22 €, до трет кат - 30 € (со лифт);
    • Крстарење со брод по Сена - 15 €;
    • Посета на Лувр - 37 € (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
    • Посета на Moulin Rouge - 115 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);
    • Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);

    Цени за уплата на лице место:

    • Панорамски разглед на Париз со локален водич - 30 €;
    • Влезница за Ајфелова Кула до втор кат 25 €, до трет кат - 33 € (со лифт);
    • Крстарење со брод по Сена - 18 €;
    • Посета на Moulin Rouge - 125 € (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ);

     Општи напомени

    • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот;
    • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
    • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд;
    • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
    • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
    • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
    • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
    • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
    • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
    • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично. 

    Задолжително пријавување за факултативите до 01.12.2019 и минимум пријавени патници за реализација: 20

    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Нехар Травел

    Ознаки за производ