Термин 04 Декември
1 ден: 04.12.2026СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски , во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: 05.12.2026 ПРАГА:
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Можност за мистично крстарење по Влтава. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден: 06.12.2026 ПРАГА – ДРЕЗДЕН :
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Познат како дом на најстариот Божиќен маркет во Германија, Дрезден во декември се претвора во вистинска празнична бајка. Градот е исполнет со илјадници светилки, мирис на печени бадеми, цимет и топло греено вино, создавајќи незаборавна атмосфера за сите посетители.
Во срцето на градот се одржува прочуениот Striezelmarkt, Божиќен маркет со повеќе од 500 години традиција. Тука ќе најдете прекрасни рачно изработени украси, дрвени сувенири од регионот Ерцгебирге, традиционални германски специјалитети и познатиот Dresdner Stollen – божиќен колач по кој Дрезден е светски познат.
Прошетајте низ историскиот центар, восхитувајте се на величествената Црква Фрауенкирхе, Операта Земпер, палатата Цвингер и прекрасните барокни градби кои за време на Божиќ добиваат посебен празничен сјај.
Дрезден е една од најпосакуваните божиќни дестинации во Европа – град каде традицијата, празничната магија и германскиот шарм создаваат незаборавно зимско доживување за секој посетител.
Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Прага. Во декември, Прага се претвора во една од најромантичните божиќни дестинации во Европа. Калдрмисаните улици, историските плоштади и готските кули блескаат во празнично руво, додека мирисот на цимет, печени костени, традиционални чешки колачи и топло греено вино ја исполнува секоја улица.
Најпознатите Божиќни маркети на Стариот градски плоштад и Вацлавскиот плоштад се вистинска празнична бајка. Големата новогодишна елка, бројните дрвени куќички, рачно изработените сувенири, традиционалните украси и музичките настапи создаваат атмосфера што ќе ве воодушеви уште на првиот чекор.
Прошетајте покрај величествениот Астрономски часовник, преминете преку романтичниот Карлов мост, уживајте во погледот кон осветлениот Прашки замок и откријте го шармот на еден од најубавите градови во Европа.
Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден :07.12.2026 ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг 2,5 часа. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан... Слободно време во Виена. Во текот на декември, Виена блеска во своето најелегантно празнично издание и со право важи за една од најубавите божиќни дестинации во Европа. Величествените булевари, историските палати и плоштадите се украсени со илјадници светилки, а мирисот на печени костени, ванила, цимет и топло греено вино создава незаборавна празнична атмосфера.
Најпознатиот Божиќен маркет пред Градското собрание (Rathausplatz) е вистинска зимска бајка, со десетици дрвени куќички исполнети со рачно изработени подароци, традиционални австриски специјалитети и празнични украси. Подеднакво волшебни се и маркетите кај палатата Шенбрун, Белведере и плоштадот Марија Терезија, секој со своја уникатна атмосфера.
Прошетајте низ раскошните улици на Виена, посетете ги величествените палати, уживајте во вкусот на познатата Sacher торта и почувствувајте го шармот на градот кој за време на Божиќ изгледа како да оживеал од празнична разгледница.
Виена за време на Божиќните празници нуди совршен спој на традиција, елеганција и празнична магија – дестинација која ќе ве воодушеви со својата убавина и ќе ви подари незаборавни зимски моменти.
Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден :08.12.2026 СКОПЈЕ:
Предвидено пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Август: 199€ / 12.340 Ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229€/14.200 Ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Прага (околина)
- Посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
- Посета на Виена и прошетка низ центарот на градот
- Организација и водство на програмата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко здравствено осигурување 250 мкд
- Туристичка такса (се плаќа во агенција) - 310 мкд
- Разглед на Прага со локален водич – 20€
- Факултативна посета на Дрезден со локален водич– 55€
- Крстарење со брод по Влтава – 25 €
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 90€ (Разглед на Прага со локален водич+ посета на Дрезден + Крстарење со брод по Влтава)
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден
- Доплата за избор на седиште(при резервација) -20€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk