ШПАНИЈА Лето 2026
Коста брава - Азурен Брег – Северна Италија
Верона-Милано- (Езеро Комо)-Барселона-Кан-Ница-Монако-Монте Карло
Пакет аранжман со АВТОБУС.
Термини: * 10 - 22.Јуни * 16 - 28. Јуни * 08 - 20. Јули, 22 Јули - 03.Август. *
04 - 16.Август * 20 Август - 01. Септември * 26 Август - 07.Септември * 01 - 13. Септември
* 07-19. Септември * 13-25. Септември 2026
ПРОГРАМА:
1 ден СКОПЈЕ – ВЕРОНА - МИЛАНО:
Состанок на групата во 11.30ч. Поаѓање во 12.00ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Денско и ноќно возење.
2 ден ВЕРОНА - МИЛАНО:
Пристигнување во утринските часови во Верона. Ве водиме на прошетка низ центарот на стариот град Верона: плоштадите Бра и Ербе, Дел Сињории, старата тврдина и нејзиниот познат мост, Арената. Прошетка низ пешачката улица Мазини, Куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел во попладневните/вечерни часови. Ноќевање.
3ден МИЛАНО – ЉОРЕТ ДЕ МАР:
Појадок.Целодневен престој во градот на модата, на старите моќни фамилии, на уметноста, фудбалот.
Прошетка низ богатата историја на Милано: Тврдината Сфорца, споменикот на Гарибалди, прекрасната Готска Катедрала Д уомо, Пасажот на Виктор Емануел II т.е. најстариот Трговски комплекс во Европа, споменикот на Леонардо Да Винчи, прочуената Опера-Миланска Скала. Слободно време за индивидуални прошетки или предлагаме посета на монденското езеро Комо и градчето Комо со воз. Патувањето кон Шпанија продолжува во попладневните/вечерните часови. Се патува покрај Пјаченца, Генова, Вентимиља, Ница, Монпелие, Перпињан, Гирона. Ноќно возење.
4– 10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч.Слободно попладне. Престој на база 6 ноќевања со појадок или 6 полупансиони, по ваш избор.
За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: BARCELONA PANORAMICA, BARCELONA MAGIC,COSTA BRAVA TOUR, PORT AVENTURA – забавниот парк, AQUARIUM, PUEBLO ESPANOL, FLAMENCO SHOW, …
10 ден ЉОРЕТ ДЕ МАР – АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности, или можност за факултативен излет: BARCELONA MAGIC: со посета на Аквариум и Магичните фонтани* во вечерните часови kako и шопинг во големите стоковни куќи, трговски центри! Во вечерните часови поаѓање за Азурен брег. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.
11 ден АЗУРЕН БРЕГ: Кан - Ница
Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Престојот на Азурниот брег го започнуваме со гламурот на Кан.
Кан, – познат по својата Кроасета, филмската палата, луксузните хотели. Се искачуваме во стариот град Сике, познат по својата тврдина и готска црква. Прошетка покрај познатата Филмска Палата и шеталиштето на Палмите- Кроасета. Слободно време за индивидуални прошетки или капење во монденскиот Кан.
Се возиме по Наполеоновиот Пат, покрај самата обала и идиличните мали гратчиња на патот кон Ница.
Ница, – Кралица на Француската Ривиера, срцето на најбогатиот период познат како ‘Belle Epoque”.
Иконскиот хотел Negresko, Шеталиштето на Англичаните или “Promenade des Angles”, плоштадот Масена, стариот дел од градот со познатата Кралска Опера, куќата каде престојувал Наполеон, плоштадот Cours Saleya… Слободно време за индивидуални прошетки.
Сместување во хотел во регијата на Азурниот брег (помеѓу Frejus и Nice). Ноќевање.
12. ден АЗУРЕН БРЕГ – ЕЗ - МОНАКО:
Појадок.Го напуштаме хотелот. Се возиме кон Ез со прекрасен панорамски поглед на Азурниот брег. Поминуваме покрај средновековниот град Ез и ја посетуваме најпознатата фабрика за производство на Француски парфеми ФРАГОНАРД во Ез. Единствена можност да купите парфеми по фабрички цени.
Продолжуваме кон гламурозната Кнежевина Монако. Почнуваме со прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океанографскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички...Слободно време за индивидуални разгледи. Возиме кон Монте Карло делумно по патеката каде се вози Формула1 и се упатуваме кон центарот на МОНТЕ КАРЛО за да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и познати Казина. Слободно време за индивидуални прошетки.
МОНАКО – СКОПЈЕ: Во попладневните/вечерните часови, поаѓаме кон Скопје. Се патува покрај Генова, Верона, Љубљана, Загреб, Белград, гр.премин Табановце, со попатни паузи за одмор.
13. ДЕН. СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во попладневните / вечерни часови.
ЦЕНА за уплата до 25 Февруари 2026 + ГРАТИСПОЛУПАНСИОН ВО ШПАНИЈА

Цената на автобуски пакет на аранжманот вклучува:
• Високотуристички автобус со клима, ТВ, видео.
- 6 Ноќевања со појадок или полупансион, според табелата во одбран хотелво Лорет де Мар.
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3* во регијата на Азурен брег (помеѓу Фрежу – Ница).
- 1 Ноќевање со појадок во хотел 2*/3*во Милано ( Околина).
• Сместувањеи услуги во дво/трокреветни соби, според табелата.
• Организација и професионален туристички придружник на патувањето.
Цената на пакет аранжманот НЕ вклучува:
• Задолжително патничко осигурување: 520 денари ( се плаќа во агенција).
• Туристичка такса за хотели на Азурниот брег и Италија: 10€ (задолжително, се плаќа во агенција).
• Туристичка такса за хотели Шпанија: 1 €/ден хотел со 3* / 1,50 €/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на рецепција при сместување).
Задолжителен пакет излети: Верона, Милано, Азурниот брег (Кан, Ница, Фрагонард во Ез, Монако, Монте Карло) : 50 € по лице. Се плаќа во агенција.
• Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот.
• Карти за локален превоз, воз, брод
• Факултативни излети и влезници според програмата. Информации во агенција.
- Избор на факултативни излети во Шпанија, се уплаќаат кај водичот на групата пред пристигнување во Шпанија. Веќе пријавен излет, нема можност за откажување.
ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА СОБИ ПО ХОТЕЛИ ВО СЕКОЈА СМЕНА !
НАПОМЕНИ:
- Лето 2025 беше 90% распродадено до Април !
- Редовната цена на аранжманот после 15 Март, е според табелата, на база ноќевање со појадок.
- Задолжителен депозит при пријавување: 10.000 денари.
- Останатиот износ се плаќа најдоцна 21 ден пред поаѓање.
- Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
- За реализација на програмата потребни се минимум 45 лица.
- Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
- НП – Ноќевање со појадок, ПП - Полупансион – (појадок + вечера).
- Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
- Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
- * Магичните фонтани последните 2 години не работат поради рестрикција на вода. Дали во 2026 год ќе работат или не , зависи од одлуката на надлежните.
- Цената на аранжманот може да се измени во случај на промена на цената на горивото, и останати фактори кои влијаат на формирање на цената. Сите уплати до тој момент важат според старата цена.
- Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
- Со доплата од 20 евра по лице, може да се одбере број на седиште во автобус. Нема можност за доплата за празно седиште.
- Сите други услови на патување важат според годишната програма на НЕХАР ТРАВЕЛ.
- Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата и местото на поаѓање.
ОПИС НА ХОТЕЛИТЕ ВО ЉОРЕТ ДЕ МАР, КОСТА БРАВА, ШПАНИЈА
- ALEGRIA FENALS MAR ***
https://www.alegria-hotels.com/en/hotel-alegria-fenals-mar-in-gerona/
Хотелот располага со конфорни соби, надворешен базен , ресторан (шведска маса) со тераса, бар , бесплатно Wi-Fi. Хотелот се наоѓа на 2 минути пешачење од Fenals Beach.
На 15 минути од хотелот се наоѓа Santa Clotilde Gardens ,Convent of Blanes and the Castle of Tossa de Mar.
На 5 минути возење се наоѓа Gnomo Park and Water World.
Рецепција 24/7
Ckeck-in: 14:00 часот
Check-out: 10:00 часот
Ресторан
Појадок: 08:00 - 10:30 часот
Ручек: 13:00 – 15:00 часот
Вечера: 19:00 – 21:30 часот
Бар: 11:00 - 00:00 часот
Базен
Отворен од 09:00 – 20:00 часот
Услуга за пешкири на базен (со депозит 10€)
Одржување на собите
Собите се чистат секој ден
Стандардна соба (Standard room) 12-13m2
-Тераса
-Бесплатно Wi-Fi
-Телевизор
-Сеф (со доплата)
-Мини фрижидер (со доплата)
-Пегла и даска за пеглање ( со доплата)
-Тоалет со туш или када
- клима уред
-фен за коса
- ALEGRIA SUN VILLAGE ****
https://www.alegria-hotels.com/en/hotel-alegria-sun-village-in-gerona/
Хотелот располага со конфорни соби, два надворешни базени , ресторан (шведска маса) со тераса, бар , бесплатно Wi-Fi. Хотелот се наоѓа на 5 минути пешачење одплажата Sa Caleta beach и центарот на Лорет де Мар.
Рецепција 24/7
Ckeck-in: 14:00 часот
Check-out:10:00 часот
Ресторан
Појадок: 08:00 - 10:30 часот
Ручек: 13:00 – 15:00 часот
Вечера: 19:00 – 21:30 часот
Бар: 11:00 - 00:00 часот
Базен
Отворен од 09:00 – 20:00 часот
Услуга за пешкири на базен (со депозит 10€)
Одржување на собите
Собите се чистат секој ден.
Стандардна соба (Standard room)
-Тераса
-Бесплатно Wi-Fi
-Телевизор
-Сеф (со доплата)
-Мини фрижидер
-Тоалет со туш
- клима уред
-фен за коса
- ALEGRIA MARINER ****(Adults only)
https://www.alegria-hotels.com/en/hotel-alegria-mariner-in-gerona/
Хотелот располага со конфорни соби, надворешен базен , ресторан (шведска маса) , бар , бесплатно Wi-Fi. Хотелот се наоѓа на само 50м. од плажата Loret de Mar и 5 мин. пешачење до центарот на Лорет де Мар.
Рецепција 24/7
Ckeck-in: 14:00 часот
Check-out:10:00 часот
Ресторан
Појадок: 08:00 - 10:30 часот
Ручек: 13:00 – 15:00 часот
Вечера: 19:00 – 21:30 часот
Бар: 11:00 - 00:00 часот
Базен
Отворен од 09:00 – 19:00 часот
Услуга за пешкири на базен (со депозит 10€)
Одржување на собите
Собите се чистат секој ден.
Стандардна соба (Standard room) 12-13m2
-Тераса
-Бесплатно Wi-Fi
-Телевизор
-Сеф (со доплата)
-Мини фрижидер
-Тоалет со туш или када
- клима уред
-фен за коса
- ONA DON JUAN ****
https://www.onahotels.com/en/hotel-don-juan-lloret-de-mar/
Она Дон Хуан“ е комплекс од три хотели со 2 надворешни базени со тераси за сончање, простор за седење и детски базен. Центарот на градот Љорет де Мар е оддалечен само 100 метри а плажата на Лорет де Мар на е на 500м.
Рецепција 24/7
Ckeck-in: 15:00 часот
Check-out:10:00 часот
Ресторан
Појадок: 7:30 - 10:00 часот
Ручек: 13:00 – 15:00 часот
Вечера: 19:00 – 21:00 часот
Бар: 11:00 - 00:00 часот
Базен
Отворен од 09:00 – 19:00 часот
Одржување на собите
Собите се чистат секој ден.
Стандардна соба (Standard room) 12-13m2
-Тераса
-Бесплатно Wi-Fi
-Телевизор
-Сеф (со доплата)
-Тоалет со туш или када
- клима уред
-фен за коса
Пријатен летен одмор Ви посакува екипата на НЕХАР ТРАВЕЛ Скопје.