Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'египет'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Serenity Fun City

    €472,00
    Serenity Fun City http://serenityhotelsegypt.com/en/hotel/serenity-fun-city Хотелот Serenity Fun City се наоѓа во областа Makadi Bay. Од аеродромот е оддалечен 36 километри. Гостите на хотелот ја користат плажата од хотелот Serenity Makadi Beach, која се наоѓа на 350 метри и до која е организиран бесплатен превоз. Сите соби се доста пространи, со луксузен мебел. Гостите на хотелот може да уживаат во вкусната храна на главниот ресторан, ресторанот покрај aqua паркот, кафе бар со тераса и прекрасен поглед на море, кафе бар покрај базенот, три a la carte ресторани, дискотека. За љубителите на активен одмор и спортски активности хотелот овозможува користење на aqua парк богат со тобогани, базени, базен со бранови, теретана, сауна, парна бања, два тениски терени, соби за масажа, спортови на вода. За најмалите има организирани анимации, детски клуб, тобогани, разни игри, а детското игралиште се наоѓа на плажата на хотелот Serenity Makadi Beach. Исто така хотелот има продавници за сувенири, златара, менувачница и банкомат. Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Serenity Makadi Beach 5*****

    €489,00
    Serenity Makadi Beach 5*, Makady Bay Локација: Овој голем ресорт опфаќа 400.000м2, опкружен е со зелена градина и се наоѓа на самиот брег на Црвено Море, на приватна плажа со понтонски мост а еден дел од плажата има песочен влез во море. Хотелот е изграден во Марокански стил, во заливот Макади, оддалечен од центарот на Хургада 40км. а од аеродромот 36км. Соби: Хотелот има 714 соби и апартмани. Сите соби се просторни со удобен мебел, со купатило со фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар и балкон или тераса. Содржини: Покрај главниот ресторан на гостите им се на располагање уште 7 ресторани, Либански, Италиојански, Кинески, Суши, Рибен, ресторан покрај базен, бар покрај базен, бар на плажа, снек бар, бар во лоби, дискотека. Во хотелот има и продавници, апотека, банкомат, менувачница, салон за убавина, театар, интернет центар… Спорт и забава: Освен 5те надворешни базени кои се простираат на површина од 4000м2 за возрасни и за деца ( 2 со морска вода )на гостите им се на располагање и Пинг понг, теретана, мини голф, 3 тениски терени, терен за фудбал и одбојка, пикадо, нуркачки центар и спортови на вода. Во склоп на СПА центарот има простории за масажа. сауна, турска бања и џакузи. Професионален аниматорски тим организира дневна и вечерна забава како за за возрасни така и за деца.

    Sheraton Miramar Resort

    €678,00
    Sheraton Miramar Resort Комплексот Sheraton Miramar се наоѓа на околу 2 км од центарот на El Gouna, 1 км од марината и голф терените и на околу 27 км од аеродромот во Хургада. Изграден во живописен арапски, египетски и нубиски стил, сместен на 9 острови со убаво уредени градини представува уникатна комбинација на природата и модерното... Хотелскиот комплекс е идеално место за одмор, релаксација, забава, меден месец, и престој со деца. Ексклузивен, огромен комплекс на хотели во стилот на ориентална населба, дизајниран од светски познатиот архитект Мајкл Гравс. Посебна атракција е лоби бар и рецепцијата, каде што гостите најпрво се сретнуваат со уникатниот, но исто така и модерен стил на Miramar. Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа, која се состои од неколку лагуни. Еден помал дел е со корални гребени кои привлекуваат голем број заљубеници во подводниот свет, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без дополнителни трошоци. Комплексот има повеќе од 340 соби кои се пространи, удобни и имаат поглед на море, лагуна или градина. Сите соби имаат туш или када, фен, клима уред, безжичен интернет (со доплата), сателитска ТВ, телефон, дигитален сеф, мини бар (користење со доплата). Семејните соби се поврзани со врата (со дополата). Собите се за непушачи, и има неколку соби за луѓе со посебни потреби. Хотелот има 2 базени за возрасни (1 базен се загрева), 3 базени за деца, неколку ресторани и барови, диско, бар на бродот Samir 2 Coconut, Grove бар и клуб за деца. Со доплата: Интернет клуб, фризерски салон, терени за многу спортови, казино, голем спа центар, чување на деца на барање, менувачница, rent-a-car, центар за нуркање и аква центар, фитнес сала и теретана, сауна и масажа. Гостите на хотелот може да ја користат “Dine around” услугата еднаш за време на нивниот престој да користат одреден оброк во еден од другите хотели во Ел Гуна со 5* со претходна резервација. Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Sheraton Soma Bay

    €0,00
    Sheraton Soma Bay 5* Локација: Хотелскиот комплекс се простира на 800 метри песочна плажа, одалечен 45 км од Хургада. Соби: Сите соби се опремени со клима, SAT TV, телефон, купатило, сеф, фен, мини бар и балкон или тераса. Содржина:Хотелот располага со 3 ресторани, неколку барови од кој еден е покрај базенот, дискотека, базен, продавници, теретана, пинг понг, терени за тенис и одбојка билијард, аеробик. За најмалдите гости има детски базен, игралиште и детски клуб. Услуга: Half Board

    Sindbad Aquapark

    €481,00
    Sindbad Aquapark https://www.sindbadclub.com/ Sindbad Club Hotel: се наоѓа во новиот дел од Хургада, Мемши. Хотелот е одалечен 200 метри од приватна плажа, заедничка за сите гости на комплексот Синбад клуб. Аеродромот во Хургада е одалечен 5км од хотелот,додека стариот дел на Хургада се наоѓа на 7 км од хотелот . Во близина на хотелот се наоѓа познатата дискотека Little Buddha. Хотелот располага со 610 соби.Секоја соба има балкон или тераса,работна маса и столица,инвидуален клима систем ,LCD TV-со интернационални програми,мини-бар(кој се доплатува),фен за коса. -Хотелот припаѓа на комплексот Синбад Клуб кој се состои од 3 хотели. Хотелот располага со 6 базена меѓу кои е и базен со 3 тобогани, во склоп на хотелот се наоѓа и Синбад аква-паркот кој располага со 12 тобогани, анимациски програм детско катче кој стои на располагање на гостите кои ги користат (ALL INCLUSIVE) услугите. За љубителите на спортови на вода хотелот има и свој AQUA SPORT центар кој нуди нуркање, сурфање, возење на банана. Комплексот ги нуди и услугите како ватерполо, одбојка, пикадо, часови по танцување, пинг-понг и уште многу други бројни активности. За најмладите гости Синбад комплексот нуди детски базен, детско игралиште, анимации, детски клубови. Услуга: Club All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Steigenberger Al Dau Beach Hotel 5*****

    €0,00
    www.steigenbergeraldaubeach.com Локација: Еден од најлуксузните хотели во Хургада, сместен на самата песочна плажа долга 400м, во новиот дел на Мемше. Од центарот на Хургада е оддалечен 4км, а од аеродромот 6км. Соби: Има 389 модерно опремени соби со бања, мини бар, сеф, клима, сателитска Тв, приклучок за интернет, балкон или тераса. Содржини: еден главен и три а ла карт ресторани, 5 барови и дискотека. Спорти забава: неколку странични базени со посебен дел за најмладите, lazy river, пикадо, пинг понг, терен за голф, одбојка на плажа, игралиште за фудбал и кошарка, ватерполо, центар за нуркање и бројни активности и спортови на вода. Современо опремен спа центар, фитнес сала.

    египет