Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со '2019'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Tropitel Sahl Hasheesh

    €0,00
    Локација: Располага со сопствена песочна плажа, сместен во Сахл Хашееш, 14км јужно од Хургада и 18км од аеродромот. Соби: 566 луксузни и модерно опремени соби во повеќе хотелски згради, со бања, мини бар, балкон/тераса, сеф, телефон, сателитска ТВ. Содржини: Еден главен и два а ла карт (италјански и мексички) ресторани на располагање на гостите, како и 4 барови. Спорт и забава: три базени, пинг понг, билјард, тениско игралиште, стаза за трчање, одбојка на плажа, точак во вода, фитнес спа центар и центар за нуркање. Разни активности и анимации за најмладите.

    Хотел Гарден 3*, Охрид

    €28,00
    Изграден е по најсовремените стандарди во модерниот туризам, каде што убавото и луксузното се споени со уживање. Хотелот е вистински избор за бизнисмени и патници со префинет вкус кои знаат да ги ценат неговата елегантна атмосфера и локација на самиот брег на Охридското езеро. Нуди комплетно уживање вопријатен амбиент и разновидна понуда, надополнети со раскошниот поглед кон езерското синило, древните христијански светилишта и возвишените антички и средновековни бедеми на градот.

    Хотел Панорама 4*, Крушево

    €35,00
    Хотелот располага со 20 соби и апартмани: 12 двокреветни, 2 трокреветни и 6 апартмани. Сите се со величествен панорамски поглед кон Крушево… Освен еден Јуниор апартман, кој е со бајковит поглед кон буковата корија. Вкупниот капацитет на хотелот е 52 гости.

    Хотел Парк 4*, Охрид

    €23,00
    Позиционирани сме на најидеалниот дел од езерскиот брег доколку вашата желба е да престојувате во хотел кој граничи со езерото, кое пак граничи со небото, а и двете граничат само со вашата имагинација. Токму затоа со задоволство ја извршуваме улогата на пасошка контрола при преминувањето на овие граници. Се наоѓаме на само 3 километри од Охрид, затоа не ви ни треба автомобил за да стигнете до центарот на градот, но доколку сакате без проблем може да изнајмите во самиот хотел. Доколку сте љубители на велосипедите, исто така немате проблем - ви стоиме на услуга, како и во случаите во кои посакувате да играте тенис, фудбал, да бирате дали сакате да се бањате на плажата пред хотелот или во базен во рамките на комплексот, или едноставно сакате да ја гледате водата удобно сместени на лежалка, да уживате во умерениот ветар кој ви посакува добредојте и да го гледате бисерот на Македонија пред вашите очи. Сите вашите желби ги исполнуваме со најголемо задоволство! Како логистичка поддршка за нашите 27 апартмани, 19 двокреветни соби и 3 резиденцијални (претседателски) апартмани, го имаме ресторанот со 220 места, поделени на идеална половина внатре и на терасата покрај преубавото езеро. Важно да се знае: ако премногу ви се допадне собата / апартманот во кој престојувате, толку многу што би посакале да е ваша сопственост, ќе ве потсетиме уште еднаш дека ние ги исполнуваме сите ваши желби. Безжичниот интернет не го сметаме како желба туку како основно човеково право во 21-виот век, па нема потреба да ви кажеме дека доколку сакате да бидете поврзани и со светот, а не само со преубавата природа, не треба да се грижите воопшто. Во нашите соби ќе се чувствувате покомфортно и од сопствениот дом бидејќи се дизајнирани токму за да ви го создадат тоа чувство: престојот во нашиот хотел да ви биде во „домашен амбиент“.

    Хотел Парк Голден Вју 4*, Охрид

    €34,00

    Хотел Тино 4*, Охрид

    €35,00
    Хотел Тино е нов, модерен и атрактивен хотел кој е дизајниран да ги задоволи сите стандарди и желби на нашите гости. Вистински дом далеку од дома. Дојдете и уживајте во убавината на Охридското езеро и удобноста и услугите на нашиот хотел. Ќе се потрудиме да го направиме Вашиот престој најубав.

    2019