Јануарско скијање на вториот најстар ски центар во Европа после Шамони, а воедно и еден од највисоките со глечерот на висина од 3600м. (тука се скија и во лето) Град со околу 2000 жители со голем број на ресторани и барови. Градот е сместен на 1650м надморска височина.
ТТрадиционално, и оваа година како и многуте години до сега со Нехар Травел, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи, на легендарните ски стази на олимписки шампион Jean-Claude Killy. На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височина и важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Le Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere и одличниот ноќен живот.
*превоз, разглед на градот со водич Посета на брдото Сиќе со панорамски поглед на градот, стариот град , монденската улица La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата… Разглед на прекрасното градче со вистински француско – провансалски шмек.