Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови... Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот... Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот... Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава – ЛОРЕТ ДЕ МАР +++ Гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.