Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..
Грац, втор по големина град во Австрија, главен град на Штаерската област, еден од најубавите градови на Австрија и една од неговите скриени тајни. Погледот од саат кулата Uhrturmпоставен на јужниот грбен на брдото Шлосберг кон барокните куќи и палати, со покриви од теракотае величенствен. Порано тоа беше Саат кулата а беше и дел од велелепниот Замок срушен од страна на Наполеон... Сјајот на илјадници светла, 15 Божиќни пазари на отворено, сцената од Христово раѓање во природна големина направена од мраз, огромната Божиќна елка со 25.000 светилки поставена на стариот плоштад, се само дел од единствената атмосфера во Грац која ќе Ве маѓепса.
Уникатно во Австрија, сите 15 Божиќни пазари се на пешачка дистанца и лесно достапни. Совршена дестинација за овој период од годината !!!
Будимпешта - Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи... Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.
“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.
Во јужниот дел на прекрасната Полска, на реката Вистула е сместена престолнината на музеите и величенствената архитектура која со секој поглед како да станува сè поубава и поубава...