Термин 05 Март 2026
05.03.2026 СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на еародромот во Скопје во 15.00 часот. Полетување за Барселона во 17.20 и пристигнување во 20.10 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
06.03.2026 БАРСЕЛОНА
Појадок.. Организиран панорамски разглед на градот: Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона, на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело e црквата Sagrada Familia (индивидуални влезници). Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Магичните фонтани, Националната палата, арените за корида… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Можност да се искачите на брдото Монжуик со фуникулар и да уживате во прекрасната панорама на градот или да прошетате по по најшарената улица на светот Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај... Барселона нуди вистинска можност за истражување и уживање во нејзините убавини, музеи, шпанската кујна, шопинг... Ноќевање
07.03.2026 БАРСЕЛОНА - ФИГУЕРАС и ГЕРОНА
Појадок. Препорачуваме еден интересен излет, можеби и најинтересниот во Каталонија - излет кој не води во ,,Westeros" од серијата ,,Game of Thrones" (Игра на Тронови). Започнуваме со истражување на средновековниот град Гирона (Girona)... го посетуваме познатиот Еврејски кварт или Braavos од серијата. Се шетаме по тесни камени улички се додека не пристигнеме до големата готска катедрала (или големата септа Baelor - од серијата). Чекориме по стапките на Arya, Joffrey, Daenerys и Cersei... Оттука продолжуваме кон родното место на познатиот уметник Salvador Dali, каде се наоѓа и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ѓи опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Фигуерес e прекрасно шпанско гратче во близина на границата со Франција. Пешачиме низ шареното гратче и се запознаваме повеќе со животот на овој познатуметник. Враќање во Барселона. Ноќевање.
08.03.2026 Poble Espanyol (Шпанско село) – ПАРК ГУЕЛ -СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме посета на Шпанското село, една одголемите атракции во Барселона изградени за Светската изложба во 1929 год. Иако било планирано селото да се сруши по завршување на изложбата, заради неочекувано големиот интерес тоа не е сторено.
Денес Poble Espanyol е своевиден музеј на архитектурата и културата на Шпанија, со 117 градби, плоштади, улици, продавници... типични за 15 различни области во Шпанија. Во составот на селото се наоѓа и театар, музеј на современа уметност, уметнички работилници и ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија.
По посетата на Poble Espanyol препорачуваме посета на импресивниот парк Гуел, во кој генијалниот Гауди ја реализирал идејата за единството на природата и уметноста.... Парк Гуел е еден од најпознатите симболи на Барселона кој привлекува со својата шарена керамика и луда архитектура. Сместен во Ла Салут, на падините на планините Колсерола, претставува единствена мешавина од природата и урбанизмот.
Еузеби Гуел е богат каталонски индустријалец, кој во историјата ќе биде познат како човек кој ја финансирал оваа голема идеа на Гауди, дело на кое и денес се восхитуваме. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ центарот на Барселона. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 20.55 часот и пристигнување во 23.40 часот.
FIRST MINUTE цена за резервација до 31.12.2025: 529 € / 32.800 ден.
Редовна цена на аранжманот: 599 € / 35.280 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Авионски превоз на релација Скопје - Барселона - Скопје
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел Hotel Moxy Barcelona 4* на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Разглед на Барселона со водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 ден (за лица до 60 години)
- Факултативен излет Фигуерас и Гирона (95€)
- Побле Еспањол (25€)
- Парк Гуел со вклучена влезница(40€)
- Цената на излетите е важечка за мин. 15 лица ( патниците треба да се изјаснат за излетите при улата на аранжманот)
- Чекиран багаж до 10кг. - 30€
- Туристичка такса 20 евра по лице , се плаќа на хотелската рецепција
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 8.100 ден
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 15 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk