Неа Каликратија е град со многубројни занимливости за секој турист.Има долга песочна плажа, многубројни ресторани, таверни, кафетерии, забавни паркови за деца,супермаркети Лидл и останати занимливости. Интересно за посетата е плажата “Сахара“ која се наоѓа во непосредна близина 3-4 км. од Неа Клаикратија.
Вилата Ставрос се наоѓа на 200 метри од плажа во Неа Каликратија.Студијата располагаат со кујни стандардно опремени,фрижидер, тв, клима уред , Wi-fi ,тераси и паркинг во дворот во зависност од слободно место.
Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа.Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето.Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата е од категорија Ц и е постара градба.
Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна,решо,кујнски инвентар,фрижидер,тв, клима уред и тераси.
Во превод КАЛИТЕА значи убав поглед. Ова е единственото место со неверојатна глетка према торонеискиот залив. Широката песочна плажа со ситен песок и чиста вода се симбол на плавото знаме кое КАЛИТЕА го добива секоја година од страна на ЕОТ.
На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања.
ВилаПартенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.
На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања.
ВилаПартенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.
Вила Anemohadi – Сивири
Вилата е на 50m од центарот на Сивири, 70m од плажа.
Има 1/2+2 апартмани кои се состојат од 2 одделни соби, спална соба со брачен кревет и кауч на расклопување во дневната соба. Сите апартмани имаат сопствена тераса, мини кујна, телевизор и клима уред (вклучено во цена)
Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 150 метри од плажата. Вилата располага со трикреветни студија и апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, крпи и клима уред. Има лифт, а карши вилата има јавен паркинг. Вилата располага со заеднички простор за седење, кој гостите го користат за време на нивниот престој.
Координати: 40.0002530723823, 23.57648982528625
Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.
100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА
Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдете овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море од балкон.Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите.
НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.
Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето. Во куќата располагаме со еден многу простран дуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.