Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Калитеа

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €139,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа.Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето.Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата е од категорија Ц и е постара градба. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна,решо,кујнски инвентар,фрижидер,тв, клима уред и тераси. Во превод КАЛИТЕА значи убав поглед. Ова е единственото место со неверојатна глетка према торонеискиот залив. Широката песочна плажа со ситен песок и чиста вода се симбол на плавото знаме кое КАЛИТЕА го добива секоја година од страна на ЕОТ.

    ВИЛА „АЛЕКСАНДРА“ – Калитеа

    €89,00
    КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање. Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.

    ВИЛА „АМОС “ – Калитеа

    €79,00
    Опис на објект КАЛИТЕА - ЛЕТО 2025 Калитеа или во буквален превод (добар поглед) е опкружена со шуми и зеленило лоцирана на ридот над тиркизното море, на не повеќе од 100 метри до прекрасна долга плажа со ситен бел песок добитник на плаво знаме за чистота збогатена со модерни луксузно опремени кафулиња и барови кои се умерено поставени и прекрасно се вклопуваат во амбиентот кои ја прават Калитеа права дестинација за хедонистички одмор. Постепениот пристап во море и благата транзиција од плитко во длабоко ја прави оваа дестинација погодна за сите возрасти. Во Вила Амос, ќе бидете во центарот на случувањата бидејќи се наоѓа на главното шеталиште на Калитеа и на само 3 минути пешки од својата фамозна плажа до која имате пристап без скали. Амос има 20 удобни и просторни студија кои се целосно опремени за ваша комплетна удобност и релаксирање. Кујни, бањи, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе ви го направи престојот удобен и безгрижен.