Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Халкидики - Ситонија

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Вила „ ЛИНА “ – МЕТАМОРФОЗИ

    €149,00
    Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл. Опис на објект Метаморфози, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот. Резервирајте сега и доживејте ја вашата метаморфоза со нас! Вила Лина е срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк. По сеопфатното реновирање, Вила Лина гордо блеска со својот нов сјај, подготвена да ги пречека гостите со освежувачка комбинација на модерен дизајн и топлина на домот. Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, Wi-Fi и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

    Вила „ ПЕТРИДИС “ – МЕТАМОРФОЗИ

    €99,00
    Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл. НА ПЛАЖА Вилата Петридис се наоѓа на првиот ред вили во Метаморфозис.Идеално место за фамилијарен одмор.Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на високо приземје и први кат бр.12 и бр.17 .Сите апартмани се опремени со кујна во која има два поединечни кревети сопствен тоалет, ТВ, клима и спална која има дупол кревет и излегува на балкон .Во дворот на вилата во паркот има играчки,лулашки,лизгалки за деца.

    ХОТЕЛ „GOLDEN BEACH“ – МЕТАМОРФОЗИ

    €240,00
    Опис на објект Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) , 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче со трамболина, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата. Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa; Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса

    ВИЛА „DIMITRA“ – Никити

    €119,00
    НИКИТИ туристичкото место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија. Плажата на Никити е во залив и гледа према првиот крак.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа, чисто море ,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници ,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис. ВИЛА “DIMITRA” Е ИДЕАЛНА ЗА ОДМОР СО ПРОСТРАН ДВОР СО ТРЕВА, ЦВЕЌИЊА И ПАЛМИ, СКАРА НА ЖАР, ЛУЛАШКИ ЗА ДЕЦА. ВИЛА “DIMITRA” Е ОДДАЛЕЧЕНА НА 250 МЕТРИ ОД ПЛАЖА. ВИЛА “DIMITRA” РАСПОЛАГА СО ТРОКРЕВЕТНИ АПАРТМАНИ ВО КОИ ИМА МОЖНОСТ И ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН КРЕВЕТ.