Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Пиериа

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „АКТИ МАТИ ” – Цв. Пантелејмонас

    €79,00
    30 МЕТРИ ОД ПЛАЖА СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН е мало туристичко место наменето за фамилијарен одмор.Има убава песочна плажа, супермаркети, ресторани и многу приодни убавини со многу дрвја и зеленило големи сенки и паркови.Одалечено е на 5 км. од Лептокарија. Вилата Акти Мати е лоцирана на 30 метри од плажа, со голем двор и стогодишни дрвја има скара во дворот,паркинг и топло добредојде од домаќините во вилата.Идеално место за семеен одмор и дружење каде морската и планинската клима го даваат најубавото од природата.

    ВИЛА „ЕЛЕНА” – ЛЕПТОКАРИЈА

    €69,00
    НА ПЛАЖА ВИЛАТА “ELENA“СЕ НАОЃА ВО ЛЕПТОКАРИЈА НА САМАТА ПЛАЖА (ПРВ РЕД).РАСПОЛАГАМЕ СО ТРОКРЕВЕТНИ СТУДИЈА НА ПРВИ КАТ,СИТЕ ОПРЕМЕНИ СО КУЈНИ,КУПАТИЛО СО ВЦ,ТВ,КЛИМА УРЕД(СЕ ДОПЛАЌА 7€ ОД ДЕН ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТИ),БАЛКОНИ СО ДИРЕКТЕН И СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД НА МОРЕ И ЕДНО СТУДИО СО ПОГЛЕД НА ДВОР.СИТЕ СОБИ СЕ РЕНОВИРАНИ СО НОВИ КУПАТИЛА И КУЈНИ И ДУШЕЦИ. Лептокарија е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија .На оддалеченост 80 км. Јужно од Солун во подножјето на планината Олимп со долга и пространа песочна плажа е лоцирана туристичката дестинација наменета за секоја популација без ограничување.Најчести посетители се фамилијарни туристи, но без исклучок во рестораните,плажите среќаваме туристи од секаква генерација.Медитеранската клима задскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини.Многу кафетерии,слаткарници ,детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.

    ВИЛА „МАРИА МАВРИДУ” – НЕИ ПОРИ

    €99,00
    Неи Пори е приморско место, едно од најпопуларните летувалишта во Грција. Сместен е под планината Олимп, од нашата граница е оддалечен околу 160 км, а до Катерини е 60 км. Во близина на Неи Пори се наоѓа Платамона, а на јужната страна реката Пиниос. Карактеристично за ова место е широката и долга песочна плажа, кристално чисто море, паркови и игралишта за деца. Низ целото место ќе најдете голем број на кафулиња, таверни, ресторани и плоштади. Сето ова го прави Неи Пори идеално место за да го поминете вашиот семеен одмор. Неи Пори е изграден во 1976 година и граден е по урбанистички план, па затоа улиците се широки, а населението во главно се занимава со туризам. Во местото постојат и објекти како што се црква, основно училиште, културен центар, фудбалски игралишта, амбуланта и голем број на апартмани и хотели. Самото место е специфично бидејќи широки улици, големите плоштади и детски игралишта се лоцирани во близина на плажа. Плажата е многу пространа, широка околу 100 метри и долга околу 6 км. Плажата е песочна, со ситен златно-жолт песок, а ист таков е и во вода низ кој постепено се влегува и се доаѓа до длабочината, каде морето е познато по својата чистота и прозирност. Куќа “Maria Mavridu” се наоѓа во централниот дел на Неи Пори, на околу 140 метри од плажата. Располага со трокреветни и четворокреветни полуапартмани на првиот и вториот кат. Секоја сместувачка единица располага со основно опремена кујна која е во посебна просторија, но не е одвоена со врати, сопствен тоалет, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред (со доплата).

    ВИЛА „ХРИСТОС” – НЕИ ПОРИ

    €119,00
    ВИЛА ХРИСТОС се наоѓа на 50 метри од плажа. Расоплага со троктеветни студија и петокревети / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на втори кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман - со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

    ВИЛА „АМЕЛИЈА” – ЛЕПТОКАРИЈА

    €109,00
    ЛЕПТОКАРИЈА – вила АМЕЛИ Лептокарија – мало медитеранско гратче во подножјето на Олимп, морето е кристално, а грчкото кафе има посебен вкус. Место каде што секој залез на сонце е приказна сам за себе. Вила Амели се наоѓа во централниот дел на Лептокарија на оддалеченост 180 метри од плажа. Вилата во својата понуда нуди трикреветни студија. Сите студија се опремени со основно опремена кујна, тоалет, тераса, телевизор, клима уред ( со доплата ).

    ВИЛА „ТУБА” – НЕИ ПОРИ

    €119,00
    ВИЛА ТУБА- НЕИ ПОРИ ВИЛА ТУБА се наоѓа на 290 метри од плажа. Располагаме со два четирикреветни апартмана на приземје и на 2 кат. Секој апартман има балкон, комплет опремена кујна со фриждер, бања, ТВ, клима (се доплаќа на лице место) и Wi-fi. Пред вилата има паркинг.