Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Калитеа

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €139,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа.Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето.Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата е од категорија Ц и е постара градба. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна,решо,кујнски инвентар,фрижидер,тв, клима уред и тераси. Во превод КАЛИТЕА значи убав поглед. Ова е единственото место со неверојатна глетка према торонеискиот залив. Широката песочна плажа со ситен песок и чиста вода се симбол на плавото знаме кое КАЛИТЕА го добива секоја година од страна на ЕОТ.

    ВИЛА „АЛЕКСАНДРА“ – Калитеа

    €89,00
    КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање. Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.