Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Халкидики - Касандра

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Вила „Ставрос” – Неа Каликратиа

    €99,00
    Неа Каликратија е град со многубројни занимливости за секој турист.Има долга песочна плажа, многубројни ресторани, таверни, кафетерии, забавни паркови за деца,супермаркети Лидл и останати занимливости. Интересно за посетата е плажата “Сахара“ која се наоѓа во непосредна близина 3-4 км. од Неа Клаикратија. Вилата Ставрос се наоѓа на 200 метри од плажа во Неа Каликратија.Студијата располагаат со кујни стандардно опремени,фрижидер, тв, клима уред , Wi-fi ,тераси и паркинг во дворот во зависност од слободно место.

    ВИЛА „ La Casa Apartments” ”- ПОЛИХРОНО

    €99,00
    ПОЛИХРОНО е едно од најатрактивните туристички места на првиот крак на Халкидики – Касандра, сместено 98 км југоисточно од Солун, во живописниот залив Торонеос. Познато по својата неверојатна песочна плажа долга 7 километри со кристално чиста, плитка вода, ова место е идеално за семеен одмор и безброј водни активности. Опкружено со бујна медитеранска природа и убаво уредено осветлено шеталиште покрај морето Полихроно нуди мирна, но раздвижена атмосфера исполнета со ресторани, таверни, кафулиња, продавници и комплетно сите потреби за туристите. Благодарение на одличната локација, Полихроно е идеална точка за истражување на блиските места како Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос, Пефкохори, Паљури итн. Куќа “La Casa Apartments” е лоцирана во многу мирна уличка на само 30 метри од прекрасната плажа и 250 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца, како и за патници кои преферираат вистинско уживање. Располагаме со два квалитетни апартмани и еден голем, високо квалитетен и многу простран дуплекс апартман на приземје. Секој сместувачки капацитет располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Апартманите имаат сопствени тераси со комарници и одличен нов мебел. Во дворчето од вилата има голема заедничка комплетно опремена кујна со буквално сите елементи ( голем шпорет, фрижидер, кујнски прибор, садови …), како и скара, достапна за гостите за седенки и опуштање. Во непосредна близина на куќата има мини маркет, кафулиња и таверни. Паркирањето може да биде на самата улица доколку има слободно место или на 300 метри има градски паркинг кој е бесплатен.

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €139,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа.Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето.Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата е од категорија Ц и е постара градба. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна,решо,кујнски инвентар,фрижидер,тв, клима уред и тераси. Во превод КАЛИТЕА значи убав поглед. Ова е единственото место со неверојатна глетка према торонеискиот залив. Широката песочна плажа со ситен песок и чиста вода се симбол на плавото знаме кое КАЛИТЕА го добива секоја година од страна на ЕОТ.

    Вила Анемохади – СИВИРИ

    €219,00
    Вила Anemohadi – Сивири Вилата е на 50m од центарот на Сивири, 70m од плажа. Има 1/2+2 апартмани кои се состојат од 2 одделни соби, спална соба со брачен кревет и кауч на расклопување во дневната соба. Сите апартмани имаат сопствена тераса, мини кујна, телевизор и клима уред (вклучено во цена)

    ХОТЕЛ „JENNY“ – СИВИРИ

    €690,00
    Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот има базен, бар покрај базенот, детски дел, ресторан, рецепција, WiFi интернет…… Хотелот располага со 37 соби: Во собите: клима уред (вклучен во цената), ТВ, фрижидер и тоалет (за 2018 ќе бидат реновирани) Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите. 1/4 (четирикреветна соба) стандард соба – еден брачен кревет и два единечни 1/4 дуплекс – еден брачен кревет во една соба и два единечни кревети во друга соба Услуга Полупансион – појадок и вечера на шведска маса Појадок 08:00-10:00ч. Вечера 19:00-21:00ч. Плажа 150 метри од песочна плажа.

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €129,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.

    ВИЛА „ХРИСТИНА” – ХАНИОТИ

    €129,00
    100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдете овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море од балкон.Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите.

    АПАРТМАН „ STELA“ – НЕА ФЛОГИТА

    €220,00
    Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море. Апартманот е 6-креветен на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет од која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната просторија.

    ВИЛА „ KATERINA LUX“ – НЕА ФЛОГИТА

    €199,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место,на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува н градот Неа Мудања еден од најголемите градови во областа Халкидики.