Азурен Брег- (Ница-Кан-Антиб-Сен Тропе- Ментон – Вилфранш Сур Мер - Фрагонард - Монако-Монте Карло) 6НП
Термин 22 Август 2026
1 ДЕН 22.08.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 23.08.2026 АЗУРЕН БРЕГ
Oчекувано пристигнување на Азурниот брег околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег - Ница. Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Ноќевање.
03 ДЕН 24.08.2026 АЗУРЕН БРЕГ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и плажа. Ноќевање.
04 ДЕН 25.08.2026 СЕН ТРОПЕ
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Можност за индивидуална посета на прочуените плажи во заливот Pampelonne во Раматуел ( на само неколку км. од Ст. Тропе), слободно време за сончање и капење. Седнете на ручек со нозете во водата, уживајтево нежното плискање на тиркизното море, а потоа продолжете го моментот на удобен душек додека уживате во беспрекорната услуга. На зајдисонце, златните нијанси на небото несомнено ќе ве поканат да уживате во овој посебен момент уште малку. Враќање во хотел. Ноќевање.
05 ДЕН 26.08.2026 АЗУРЕН БРЕГ –ВИЛФРАНШ СУР МЕР- МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и плажа. Препорачуваме посета на плажата во Вилфранш-сур-Мер, опуштете се и дозволете крајбрежниот пејзаж да ве маѓепса.
Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
06 ДЕН 27.08.2026 АНТИБ -КАН :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур.) Продолжуваме со прошетка и запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината.... Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент ... слободно време за плажа... Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
07 ДЕН 28.08.2026 МЕНТОН :
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и плажа или можност да уживате во Ментон, бисерот на Азурен брег, каде што се спојуваат Франацускиот шарм и Италијанскиот дух... иако се наоѓа во близина на гламурозното Монако и возбудливата Ница, Ментон е мирен и совршен за сите што сакаат да ја почуствуваат вистинската медитеранска магија. Слободно време за плажа. Ноќевање.
08 ДЕН 29.08.2026 ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 23 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности
.
09 ДЕН 30.08.2026 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 15.03.2026: 639€ / 39.620 ден
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 689 € / 42.720 ден
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во хотел на Азурниот брег , на база 6 ноќевања со појадок
- Разглед на Ница
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 500 мкд,
- Посета на Ст. Тропе (50€)
- Посета на Кан и Антиб(50€)
- Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (50€)
- Посета на Ментон (30€)
- Посета на Вилфранш Сур Мер (30€)
- Задолжителна посета на Монако последниот ден (40€)
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ Азурен брег - 230€
- Туристичка такса (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 26.000 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за празно седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- ПРОМО цената е важечка со резервација на пакет излети
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
-
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk