Термин: 06 Март
1 ДЕН 06.03.2025 СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
2 ДЕН 07.03.2025 АТИНА
Очекувано пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН 08.03.2025 АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Враќање во Атина. Враќање во хотел. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол... . Ноќевање.
4 ДЕН 09.03.2025 АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.
05ДЕН 10.03.2025 СКОПЈЕ
Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНАНА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 28.12.2025: 159 евра / 9.860 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 евра /11.100 ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз на наведената релација
- Сместување на база 2 НП во хотел 3*
- Организација на аранжманот и пратител на групата
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 ден
- Разглед на градот со локален водич (20€)
- Факултативна посета на Пелопонез (45 €)
- Вечера во Таверна (50€)
- Задолжителна посета на Пиреј и Сунион (25€)
- Туристичка такса 2евра
по лице на ден( се плаќа во агенција)
- Влезници за локалитетите и други факултативни посети
- Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден
НАПОМЕНИ:
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
*Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
* Доплата за седиште по избор 10€
* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул. Никола Тримпаре бр.10 Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.m