Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    TIGNES - VAL D’ISERE 10.01.2025

    €687,00
    ТТрадиционално, и оваа година како и многуте години до сега со Нехар Травел, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи, на легендарните ски стази на олимписки шампион Jean-Claude Killy. На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височина и важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Le Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere и одличниот ноќен живот.

    Термин:

    TIGNES  -  VAL D’ISERE

    од 679

     10.01.2025

                   Ski F R A N C E  2025

    TIGNES LE LAC

    Број на кревети

    Residence

    10

    9

    8

    7

    6

    5

    4

    3

    2

    PALAFOUR                     СТУДИО  за 4 лица

    679

    829

    1019

    PALAFOUR         АПАРТМАН 3П,  за 7 лица

    689

    769

    869

    BEC ROUGE                  СТУДИО  за 4 лица

    679

    829

    1019

    BEC ROUGE      АПАРТМАН 2П.  за 6 лица

    689

    789

    919

    BEC ROUGE      АПАРТМАН 3П.  за 7 лица

    689

    769

    869

    SOLEIL                  СТУДИО  за 4 лица

    679

    829

    1019

    ZADOLZITELNA DOPLATA ZA ESPACE KILLY SKI PASS:30 evra

    ПРОГРАМА

    1.ден-петок.  СКОПЈЕ-TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

    2. ден-сабота.  TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

    3. – 8.Ден.  TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: 6 дневно скијање во Espace Killy. Ноќевање

    9. ден-сабота. TIGNES LE LAC- LAVACHET-VAL CLARET-СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

    10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    Во цената е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација                                Скопје –TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET  – Скопје
    • 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET  
    • 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
    • Туристички пратител за време на турата

    Во цената НЕ Е вклучено:

    • Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање  800 ден.Агенцијата го обезбедува.
    • Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
    • Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
    • Задолжителнадоплата за Ски комплекс Espace Killy, ( TIGNES -VAL CLARET -VAL D’ISER-Grande Motte ),300 km стази: 30€во МКД во агенција при резервација.

    За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца А бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоци кои важат според наведеното за овој ски аранжман).

    Важни завршни напомени

    1. Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и повратен автобуски превоз.
    2. РЕЗЕРВАЦИЈА:
    • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 09.Декември 2024.                                                         Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
    • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
    • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
    •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува,                но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

    Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

    1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
    1. За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
    2. Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени  желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
    3. Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.

    1. FIRST MINUTE  цена важи за уплата до 10 Октомври 2024

    После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.

    1. Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
    2. Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
    3. Распоредот на седишта во автобус е според времето на уплата.
    4. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво  на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
    5.  Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (09.12.2024) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

    ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

    1.  Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.

    > Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

                                              i.    Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената

                                             ii.    8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената

                                            iii.    6 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената

                                           iv.    4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената

    1.  Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 14€ (единечна постелнина со јастучница)-16€ (брачна постелнина со јастучници) и 14€ сет крпи ( 2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
    2.  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и  гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. 
    3.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
    4.  Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 95€. Овие услуги мора да се нарачат 10 дена пред пристигнувањето, во агенција и истите се плаќаат на лице место.
    5. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
    1. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.

     Влез во објект: 16.00 – 18.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

    НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!

    Генерален опис на сместување во  Tignes LE LAC

    Residence BEC ROUGE

    Резиденцијата Bec Rouge се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), на улицата La Poste, во близина на сите продавници и директен пристап до ски лифтовите (ski in, ski out). 50 м. од водениот парк Lagon, 100 м оддалечен од Спортско-Конференцискиот центар Tignespace. Има добро опремени и конфорни апартмани на 8 спрата со лифтови. Има 3 посебни влеза и приватни шкафчиња за скии. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi.                                            На барање, може се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг (50м) SKI IN-SKI OUT 

    Студио 922, за 4 лица,28m2,јужна страна,балкон.

    Дневна соба: Маса, столици. ТВ. Софа за седење која се претвара во лежај за 1 лице + Кревети на спрат, каде долниот кревет е брачен за 2 лица а горниот кревет е единечен за 1 лице.

    Кујна отворена кон дневна соба: рерна,  4 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова печка.        Бања: када, лавабо, тоалет

    Студио 704, за 4 лица,28m2,приземје, јужна страна,балкон.

    Дневна соба: Маса, столици. ТВ. Софа за седење која се претвара во лежај за 2 лица

    Кабина:2 единечни кревети на спрат за 2 лица.

    Кујна отворена кон дневна соба: рерна,  2 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова печка.

    Бања: туш кабина, лавабо.      Тоалет: посебна просторија

    Апартман 931, за 6 лица, 2 соби, 70м2, влез бр.9, 3-ти спрат,југ

    Апартман со поглед на 2 страни (југ и исток), на 3-ри спрат. Балкон на јужната страна и прекрасен поглед кон езерото и ледникот Grande Motte. Источната страна со поглед на Grande Sassière. Големи прозори. Многу топла и пријатна атмосфера. 

    Ходник / влезен дел 

    Дневна соба : Голема дневна соба: 3 единечни лежаи, маса, столици, клуб маса, 2 фотељи

    Кујна: отворена кон дневната соба: 2 индукциони рингли, фрижидер, рерна, машина за миење на садови.                                                                                                                                                                                

    Спална соба: со балкон кон исток, 1 голем кревет за 2 лица, 1 единечен кревет, ТВ

    Бања 1: со када и лавабо, Бања 2:со туш кабина,лавабо. 2 х Тоалет: посебни WC-a                                                                                                 

    Апартман 121, за 7 лица, 3 соби, 53м2, влез бр.1, 2-ри спрат.

    Апартман со балкон на јужната страна и прекрасен поглед кон езерото и ледникот Grande Motte.

    Дневна соба : Софа која се претвара во двоен кревет за 2 лица, ТВ, Маса, столици

    Кујна: отворена кон дневната соба: 3 керамички рингли, фрижидер, рерна, машина за миење на садови, микробранова печка.                                                                                                                                                                                

    Спална соба: 2 единечни кревети

    Кабина: 2 единечни кревети на спрат

    Ходник / влезен дел: 2 единечни кревети на спрат

    1 бања: со када и лавабо, 1 бања:со туш кабина          Тоалет: посебна просторија  

    Апартман 153, за 10 лица, 4 соби, 110м2, 5-ти спрат.

    Апартман со балкон на јужната страна и прекрасен поглед кон езерото и ледникот Grande Motte. Влезот во зградата е од бр.1 поврзан со бр.2 и бр.3. Комплетно реновиран 2017. Исклучително голем и убав апартман со сончев, јужен балкон од 10м2.
     1 ходник со плакари.
     Спална соба бр.1 со 2 единечни кревети 80 x 190 – сосема нови удобни душеци
     Спална соба бр.2 со 2 x кревети на спрат (4 спиење), душеци 80 x 1 90
     Спална соба бр.3 големи соби свртени кон југ со 2 единечни кревети 80 x 200

     Дневнасоба– соба за одмор и трпезарија, јужна страна сомаса и LOLY столици
    * 1 софа кревет (140 x 200) удобен душек со висока густина, 1 ТВ со рамен екран
     КУЈНА: посебна комплетно опремена кујна: фрижидер, класична рерна , Микробранова печка, индукциски рингли, Машина за миење садови, мали електрични апарати за домаќинства: комплети за фонду и раклети, Senseo кафемат, тостер и машина за кафе Bodum.
     1 бања со када, мијалник и машина за перење,
     1 бања со када, мијалник и 1 WC.
     1 посебно WC
     1 целосна просторија за складирање

    Сите кревети се со јоргани                           Residence PALAFOUR:   Резиденцијата PALAFOUR се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), со директен пристап до ски-лифтот (лифтот Palafour и гондолата Tovière) и до точката за состанување на ски училиштата. 50 m од водениот парк Лагон, 100 m од Спортско-конференцискиот центар Tignespace. комерцијална галерија со сите продавници и услуги (скијачки продавници, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани).11 ката со 4 лифтови. Приватни шкафчиња за скии во подрумот. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi.      На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50м Студио 1005, за 4 лица, 28м2, 10-ти спрат.  Балкон со јужен поглед со поглед на езерото. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа   на извлекување-2 единечни кревети, ТВ. Во влезниот дел кревети на спрат. Кујна отворена во дневна соба со:4 рингли, фрижидер, рерна, машина за миење садови.Бања со када, мијалник и WC. Сите кревети се со јоргани.Студио  807, за 4 лица, 28м2, 8-ми спрат                                                            Tераса свртена кон југ, со поглед на езерото. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. Една клизна врата ја одваја дневната соба од ходникот. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба: 3 керамички рингли, фрижидер, рерна, машина за миење на садови. Бања со када, лавобо и ВЦ. Сите кревети се со јоргани.Студио 306, за 4 лица, 28м2, 3-ти спрат.                                                               Тераса свртена кон југ, со поглед на езерото. Топло и пријатно студио. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба: 3 индукциони рингли, фрижидер, рерна, микробранова печка, машина за миење на садови. Бања со када, лавобо и ВЦ. Сите кревети се со јоргани. Можен затворен паркинг по цена од 99 евра за 7 дена.Студио 405, за 4 лица, 28м2, 4-ти спрат.                                                                 Тераса свртена кон југ, со поглед на езерото. Топло и пријатно студио. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба: 4 ел.рингли. фрижидер, машина за перење на садови. Бања со туш кабина, лавабо и ВЦ. Сите кревети се со јоргани. Студио 604, за 4 лица, 28м2, 6-ти спрат.Тераса свртена кон југ, со поглед на езерото. Топло и пријатно студио.Ходник со мала спална соба (кабина) со дупли кревет. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба: 4 индукциони рингли, рерна, фрижидер, машина за перење на садови. Бања со туш кабина, лавабо и ВЦ. Сите кревети се со јоргани. Студио 809, за 4 лица, 28м2, 8-ми спрат.Тераса свртена кон исток. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување за 2 лица. ТВ. Кујна отворена кон дневната соба:2 керамички рингли, фрижидер, рерна, микробранова печка, машина за перење на садови. Бања со када, лавобо. Посебна просторија со ВЦ. Сите кревети се со јоргани.Апартман 601, за 7 лица, 3 соби – 63 м2 , 6-ти спрат.Апартман со 3 соби со двоен поглед кон север и југ, балкон со поглед кон југ. 6-ти спрат со убав поглед кон езерото, жичарата Tovière и глечерот Grande Motte Glacier.                                                           - одвоен простор со кревети на спрат за 2 лица,                                                                                                         - Дневна соба/ трпезарија / кујна: 1 единечен лежај, 1 софа на извлекување за 2 лица, ЛЦД ТВ, клуб маса, 1 фотелја , 1 комода.                                                                                                                                             -   Кујна отворена кон дневната соба: 4 ел. Рингли, фрижидер, рерна, микробранова печка, машина за миење на садови.                                                                                                                                                         - 1 Спална соба со голем француски кревет за 2 лица, тоалетни масички со светло, плакар.                                           -1  Спална соба  со 2 кревета,                                                                                                                                              - 1 бања со када и лавабо, 1 бања со туш кабина, лавабо и ВЦ                                                                 - 1 посебна просторија само со ВЦ.

      Residence CHALET DE LA TOUR

    Резиденцијата Chalet de la tour sе наоѓа во TIGNES LE LAC (2100 m), 50м од сите сите продавници. 100 m od ски лифтовите (Palafour chairlift and Tovière gondola), 200м од водениот парк Lagon, 250 м. од Спорскиот и Конгресен центар Tignespace.  Резиденцијата важи за многу мирна и затоа е идеална за фамилии. Има 4 спрата и лифт и секако приватни шкафчиња за скии.

    АПАРТМАН Chalet 1, за 6 лица, 2 соби, 40 m2,.

    Апартманот е внимателно во целост реновиран.Сместен на приземје, без тераса. Има поглед кон запад, југозапад. Конфорен апартман со 2 соби.                                                                             Спална соба со француски кревет за 2 лица и подно греење.                                                                         Голема дневна соба / трпезарија,

    Ходник: 2 единечни кревети на спрат

    Кујната е отворена кон дневната соба и одлично опремена: индукциони рингли, фрижидер, машина за миење на садови, рерна, микробранова печка, кафе машина, електричен бокал за чај.                                                  термопан дупли прозори, подно греење со 2 термостата. Многу плакари. Сите кревети се со јоргани.

    Бања со туш кабина, лавабо и ВЦ.

    Residence PREMOU A

    Резиденцијата PREMOU sе наоѓа во TIGNES LE LAC (2100 m), во областа «CROUZE» 50м. оддалечена од Chardonnet drag лифтот, 100м. од продавници, 100м. од водениот парк Lagon и од Спорскиот и Конгресен центар Tignespace. Ќе уживате во погледот кон езерото и глечерот Grande Motte. Резиденцијата важи за многу мирна и идеална за фамилии. Има 3 спрата и секако приватни шкавчиња за одлагање на скии/бордови. Нема лифт. Апартманите се добро опремени и удобни.

    ДУПЛЕКС АПАРТМAN PREMOU А 7, за 8 лица, 3 соби, 70 m2,

    Дуплекс Апартман со 3 соби на 2-ви спрат со тераса на јужната страна. Прекрасен погле од дневната соба кон езерото и Tovière and Grande Motte Glacier ледникот.

    Долен дел :

    - Дневна соба / трпезарија со софа на извлекување за 2 лица, ТВ, маса, столици.

    - Кујна комплетно реновирана: 4 ел. Рингли,  фрижидер со мал замрзивач, микробранова печка, машина за миење на садови.

    - Спална соба: 2 х кревети на спрат, со 4 единечни кревети.

    - Тоалет: посебна просторија.

    1-ви спрат:

    Спална соба со голем кревет за 2 лица и голем прозор со поглед на езерото и Grande Motte Glacier ледникот

    Бања со када, умивалник + тоалет.                                 -  Сите кревети се со јоргани.

                           Residence SOLEIL                                                                                                                                        Резиденцијата Soleil, важи за мирен објект со поглед кон езерото. Се наоѓа во центарот на TIGNES LE LAC (2100 m), на улицата « La Poste », во близина на сите продавници и директен пристап до ски лифтовите, 50м од водениот парк Lagon, 100 м. од Спорскиот и Конгресен центар Tignespace. Ќе уживате во погледот на езерото и ледникот Glacier of Grande Motte. Сите студиа и апартмани се добро екипирани и комфорни. Има 6 спрата и приватни шкафчиња за скии. 

    Студио 12A, за 4 лица, 34м2, 1-ви спрат.

    Тераса свртена кон југ, со поглед на езерото. Дневна и трпезарија со 1 дупли кревет, 1 софа на извлекување за 2 лица, ТВ, маси и столици. Кујна отворена кон дневната соба со: 4 керамички рингли, фрижидер, микробранова печка, рерна, машина за миење на садови. Бања со када, лавабо. Посебна просторија со ВЦ. Сите кревети се со јоргани.

    Ограничен број на Студиа/Апартмани !

    Espace Killy ski area  info

    Espace Killy  е огромен комплекс на скијалишта во Савојските Алпи, сместен на надморска висина од 1550 м.-3450 м. и ги опфаќа скијалиштата Val d'Iser со 150 км ски патеки и Tignes исто со 150 км ски патеки. Вкупно 300 км. ски патеки. Изузетно добро припремени и долги ски патеки. Тука се наоѓаат и 2 глечера и за летно скијање: Grande Mote (3656 m/n.v.) над Tignes, иPissaillas (3488 m/n.v.) над Val d'Iser. Магично скијалиште, каде може во едно смуштање да скијате на преку 1600 м висинска разлика, од Grande Mote до Val d'Iser.                                                                                                                                          И секако, најдобрата црна ски патека на светот: La Face de Bellevarde

    Корисни информации за скијачите за комплексот Espace Killy:

    1. Вкупен број на ски лифтови: 96  ( 2 ски воза, 8 гондоли, 45 седишници, 41 влечуги )
    2. Вкупно категоризирани ски патеки: 137 (16 црни, 35 црвени, 64 плави, 22 зелени )
    3. 2 snowparka
    4. 331 топ за вештачки снег

    Val d'Iser: Модерно скијалиште,сместен на 1800 м/н.в. и оддалечен 12 км од Tignes. Има прекрасен поглед кон глечерот.Убавината на местото ја дава и единствената камена архитектура на објектите. Поради одржувањето на Светскиот куп, целото место е преполно со тимови и посетители. Можда затоа понудата на забава е побогата но и поскапа. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и вечерни барови, ноќни клубови, дискотеки, кино, затворен базен и природно лизгалиште.                                                                                                          

    Tignes :Скијашка мека, покрај заледено езеро, сместен на 2100 м/н.в. Познат и по најдобрите off ски патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен  wellness  центар и базен со бесплатен влез за иматели на  skipas Espace Killy.

    Le Lac : многу жив дел, со ресторани и продавници. Во лето областа нуди пешачки патеки, голф и велосипедски парк, плус скијачки патеки на глечерот Grande Mote. Целиот ресорт е направен за потребите на скијачите, така да нема ски лифт премногу далеку од влезната врата на вашето сместување.

    Val Claret  е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување, и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. . Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м,19м.широк, 7 м. висок.  Секако богата ноќна програма за секого. Најдобрите ноќни клубови  се  Deep во Le Lac  и  Melting Pot во Вал Кларет.

    La Face de Bellevarde- најадреналинска црна ски патека во Европа        https://www.youtube.com/watch?v=qzPT_aYNJG8

    Најпозната црна ски патека во Европа, припремена за машка спуст патека за Зимските Олиписки игри 1992 во Албервил. Црна писта со слика на `вертикална граница` за најискусните, најхрабрите скијачи. Дури и такмичарите тогаш реагирале на неверојатната стрмнина и почетна брзина од над 150 км/час, па организаторите поставиле дополнителни врати за да се успори брзината. Патека со голем технички предизвик   стрмнина од 71% во долниот дел. Тука се одржале и трки за Светскиот куп 2009.                                                     

    Факти за  La Face.  Должина: 3км,  Вертикална висинска разлика: 959 м. Стартот е на 2905м. Нагиб: од 5%-71%. Може да се дојде со Олимписката гондола и ски лифт од Val d'Iser. Но La Face и не е толку страшна. Две третини на почетокот се дури и многу пријатни но последната третина е изузетно стрма. Најдобар период е да скијате помеѓу 12.00 и 14.00. Наутро е ледена а подоцна прилично неравна. И секако имајте неколку дена скијање на други патеки и со добра кондиција дојдете тука. Но само за многу искусни скијачи и секако направете кафе пауза на пола патека.

    Но имаме и една тајна како да го одбегнете најстрмниот долен дел !. Под La Peau de Vache делот и баш над самата стрмина, има патека која води десно, кон Joseray. Тоа е црвена ски патека која ве води до подножјето на La Face. Нема да откриеме дали сте ја користеле !

    Ознаки за производ