Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2026

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €129,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.

    ВИЛА „ХРИСТИНА” – ХАНИОТИ

    €129,00
    100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдете овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море од балкон.Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите.

    АПАРТМАН „ STELA“ – НЕА ФЛОГИТА

    €220,00
    Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море. Апартманот е 6-креветен на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет од која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната - опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната просторија.

    Вила ” Јулијанос ” Ипсос

    €89,00
    Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Oстровот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф. Ве очекуваме.

    ВИЛА „ KATERINA LUX“ – НЕА ФЛОГИТА

    €199,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место,на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува н градот Неа Мудања еден од најголемите градови во областа Халкидики.

    ВИЛА „ КРИСТИНА “ – НЕА ФЛОГИТА

    €79,00
    НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики. Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето. Во куќата располагаме со еден многу простран дуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.

    Вила „ ЛИНА “ – МЕТАМОРФОЗИ

    €189,00
    Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл. Опис на објект Метаморфози, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот. Резервирајте сега и доживејте ја вашата метаморфоза со нас! Вила Лина е срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк. По сеопфатното реновирање, Вила Лина гордо блеска со својот нов сјај, подготвена да ги пречека гостите со освежувачка комбинација на модерен дизајн и топлина на домот. Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, Wi-Fi и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

    ВИЛА „HAUS LITEA“ – ПОТИДЕА

    €179,00
    Вила Haus Lithea – Неа Потидеа Вилата има сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња. Вилата е составена од два објекти А и Б. Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани, со поглед на море или поглед кон градина. 1/3 студио: во една просторија кујна и три стандардни кревети + тоалет. 1/4 апартман: во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети + тоалет.

    ВИЛА „ДИМИТРИС” – НЕОС ПАНТЕЛЕЈМОНАС

    €99,00
    Паралија Неос Пантелеимонасприпаѓа во јужниот дел на регионот Пиерија во подножјето на планината Олимп и е на 295 километри од Скопје, 36 километри од Катерини, а Платамонас е оддалечен само 5 километри.Ова место е најпознато по неодамнешните археолошки ископувања, при изградбата на железничкиот тунел под замокот, каде што се пронајдени делови од античкиот град Хераклија. Во текот на летната сезона, Паралија Пантелеимон станува многу популарна туристичка дестинација. Туристи од целата земја и странство ја избираат оваа дестинација за одмор. Главната причина е прекрасната песочна плажа со кристално чисто море долга преку 3 километри и која секоја година ја добива наградата сино знаме на ЕУ за чистотата и квалитетот на водата и капацитетите што ги нуди. Вила Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажата. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија/апартмани. Сите студија/апартмани се опремени со бања, комплетно опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената. Вилата се наоѓа во мирен дел опкружена со зеленило и со двор од преку 3.000м2, како и свој сопствен паркинг. Во градината има опрема за скара која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки во тревата. Вилата е многу години омилена дестинација во изборот на туристите кај нас. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2евра на ден по апартман.