€89,00
КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање.
Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.