Вила ''Maria '' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, 50 метри од плажа, во близина на хотел ''Corfu''. Вилата располага со четири-креветен апартман (спална соба со два единечни кревети од која се излегува на тeраса, WC, кујна и дневен престој каде што можат да се сместат уште двајца, дневниот престој излегува на тeраса и има lcd-tv со тотал TV).
Вила „Litca” е лоцирана во центарот на Неа Флогита, на околу 70 метри од плажата. Вилата располага со приземје и три ката. Апартманот е на трет кат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен кревет, купатило, дневна соба со два единечни кревети и софа (тросет) на пуштање во истата просторија е кујната (опремена со голем фрижидер и шпорет со релна), тераса. Климата и ТВ се во дневната просторија.
ЛИТЦА 2 – НЕА ФЛОГИТА
Вила ,,LITCA-2'' е лоцирана во центарот на Неа Флогита, спроти хотел ''Corfu'', околу 70 метри од плажа. Вилата располага со ниско приземје,високо приземје, прв кат и втор кат.
ВИЛАТА “КАТЕРИНА” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA ПЛАЖА (ПРВ РЕД)
НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА KATERINA ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА.
НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.
СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ НА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.
Вила СПАНОС се наоѓа централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од 200м од плажа. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на први спрат, Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон.
200 М. од плажа
Лето 2026 Полихроно- Вила Тулис
Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.
Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Во секој апартман на пасполагање има големи пешкири за туширање. Одличен избор за семејства. 2024 Година имавме само пофалби за комодитет, хигена, локација и гостопримство. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.