Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Полихроно

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ La Casa Apartments” ”- ПОЛИХРОНО

    €99,00
    ПОЛИХРОНО е едно од најатрактивните туристички места на првиот крак на Халкидики – Касандра, сместено 98 км југоисточно од Солун, во живописниот залив Торонеос. Познато по својата неверојатна песочна плажа долга 7 километри со кристално чиста, плитка вода, ова место е идеално за семеен одмор и безброј водни активности. Опкружено со бујна медитеранска природа и убаво уредено осветлено шеталиште покрај морето Полихроно нуди мирна, но раздвижена атмосфера исполнета со ресторани, таверни, кафулиња, продавници и комплетно сите потреби за туристите. Благодарение на одличната локација, Полихроно е идеална точка за истражување на блиските места како Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос, Пефкохори, Паљури итн. Куќа “La Casa Apartments” е лоцирана во многу мирна уличка на само 30 метри од прекрасната плажа и 250 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца, како и за патници кои преферираат вистинско уживање. Располагаме со два квалитетни апартмани и еден голем, високо квалитетен и многу простран дуплекс апартман на приземје. Секој сместувачки капацитет располага со комплетно опремена кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Апартманите имаат сопствени тераси со комарници и одличен нов мебел. Во дворчето од вилата има голема заедничка комплетно опремена кујна со буквално сите елементи ( голем шпорет, фрижидер, кујнски прибор, садови …), како и скара, достапна за гостите за седенки и опуштање. Во непосредна близина на куќата има мини маркет, кафулиња и таверни. Паркирањето може да биде на самата улица доколку има слободно место или на 300 метри има градски паркинг кој е бесплатен.

    ВИЛА „СПАНОС” – ПОЛИХРОНО

    €79,00
    Вила СПАНОС се наоѓа централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од 200м од плажа. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на први спрат, Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон. 200 М. од плажа

    ВИЛА „ ТУЛИС ”- ПОЛИХРОНО

    €105,00
    Лето 2026 Полихроно- Вила Тулис Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Во секој апартман на пасполагање има големи пешкири за туширање. Одличен избор за семејства. 2024 Година имавме само пофалби за комодитет, хигена, локација и гостопримство. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.